Тренер за сите времиња
Од овоземниот свет на 83 години замина Ѓорѓија Гешовски, прочуениот професор по физичко воспитување и тренер за атлетика. Обучуваше атлетичари од основањето на АК Трети ноември во шеесеттите години до смртта. Негови врвни дострели се резултатите на Славица Конеска, Соња Мицеска и многу други од времето на некогашна Југославија. Во поново време се истакнаа учесничките на олимпијади, Даниела Кулеска и Христина Ристеска.
Ненадоместлива празнина е во АК Академик Џамбазовски.
Гешоски пред две недели го доби највисокото општинско признание – награда за животно дело ,,Трети Ноември..