РЕКОНСТРУКЦИЈА НА БУЛЕВАРОТ

Локалната самоуправа во 2020-2021 година

Советот на општината даде зелено светло за развојните програми на општинскиот буџет за 2020 година. За двегодишната развојна програма, градоначалникот Илија Јованоски потенцира четири капитални инвестиции до крајот на 2021 година. Тоа се реконструкцијата на булеварот ,,Гоце Делчев,, од споменикот ,,Карпалак,, до Тинекс и дел од улицата ,,Прилепски бранители,, кои почнуваат годинава и ќе завршат в година. Во периодот 2020/21 година ќе се реконструира старата чаршија со нови гранитни плочки и поставување на подземна инсталација на ЕВН и кабелските оператори. Инвестицијата ќе чини 50 милиони денари. Во Точила ќе се гради покриениот базен, односно спортско-рекреативен центар за 120 милиони денари. Следната година ќе се гради детска градинка за 250 деца која ќе чини 110 милиони денари.

Советниците дадоа виза и за регулациски план на ГУП за индустриската зона, со што земјиште станува поатрактивно за инвеститорите и отворањето нови стопански капацитети.

Loading