ИНТЕРЕС ОД ДОМАШНА И СТРАНСКА КОМПАНИЈА

Фудбал: Спас на второлигашот со продажба

Второлигашот Победа есенва разочарува со резултатите и пласманот. Младиот тим, засилен со неколку искусни, освои само 7 бода на 12 меча. Можеше повеќе, ако во финишот не примаше пресудни голови. Моментното 8 место е незадоволително, бидејќи директно води кон третолигашкото друштво.

Меѓу симпатизерите се негува надеж дека ќе се најде решение кое радикално би го подигнало организациското ниво. Се зборува дека наскоро е можно Победа да ја купи приватна компанија. Веќе пројавила интерес некоја од странство. Намерата í била да земе клубот, но под концесија на подолг период да го земела стадионот, кој се реновира. Втора варијанта е домашна компанија. Некој да ја земе Победа веќе се собирале потписи од симпатизерите за поддршка на потенцијалниот сопственик. Тешко е да се предвиди што ќе излезе од ова. Идејата е добра, бидејќи приватник најдобро може да го среди клубот, а  и да ја растовари Општината од грижи.

По паузата, екипата в сабота гостува кај Плачковица во Радовиш.

Табела: Беласица 28, Брегалница 27, Кожуф 26, Тиквеш и Пехчево 24, Саса 16, Плачковица 11, Победа 7, Осогово 6, Питу Гули 3.

Врзани мечеви

Во Женската фудбалска лига серија натпревари на Деспина. Во саботата дома со 9-0 совладана беше Речица. Во средата во Струга, Ас јунајтед – Деспина (1-0). В недела е гостувањето во Кочани.

Loading