Тутунски комбинат продолжува со едукативен пристап
Во ОУ Круме Волнароски од Тополчани се одржа едукативна настава за Елиминирање на злоупотребата на детскиот труд во соработка со Филип Морис и Канцеларијата за поддршка на тутунопроизводителите од Кривогаштани. Им беа доделени спортски топки и маички со логото “Трактор Јок, тутун Јок” и се одржаа детски спорстки игри.
Целта е да се зголеми свеста и кај децата и кај родителите дека местото на децата е во училишните клупи. Не треба да се користи детскиот труд бидејќи детето смее само да помага на фармата. Со овој проект беа опфатени и училиштата во Ропотово и во Коњари. Во селото Сенокос во училиштето целосно беше реконструирана дограмата.