ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (18)

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

marul 1

Од силниот татнеж на германската артилерија ѓерамидите на куќите во Марул се поместувале на покривите. Се треселе куќите. Внатрешно во куќите се ронеле саѓи. А додека воловите на Мицо со запрежната кола се исплашиле, почнале да рикаат и бегат по садината, колата ја превртеле. Мицојца седејќи во колата била потисната под лубениците и наместо умрела. Мицо останал без фамилија и вдовец до неговото умирање во 1943 година.

Убиството на Ристејца Москоска Велика во с. Штавица, Ристе Москоски од с. Подмол женет за Велика Цоцеска од с. Подмол за сестра на Мицојца, Аца Дамјаноска од с. Марул. Со доаѓањето на бугарската и германската војска во нашите краеви како што биле иселени многу села и фамилии од своите огништа исто така биле иселени и Московци од Подмол во с. Штавица од 1915 до 1918 година.

Откако се утврдил фронтот на првата борбена линија во 1916 година германската воена за извидувачка работа на брегот помеѓу Марул и Подмол изградила големо топовско постолје, лежиште од бетон и песок, донесле и монтирале огромен топ со цевка осумнаесет метри и со калибар од четиристотини милиметри. Овој топ гаѓал во далечина до Егејското море на француските и англиските бродови. Кога ќе пукнел топов марулските куќи се треселе, а саѓите од покривите и по гредите паѓале. Овој пат имал помошник балон кој се кревал во висина до неколку километриц со човек в натре извидувач во далечина и преку фронтот и му давал извештај на посадата на топот каде да пукаат против непријателите.

Често пати кога ќе се кренел балонот во висина за да гледа по француските и англиските објекти бил забележан од непријателите, бил пукан. Германците набрзина го симнувале долу на земјата. Гранатите кои биле пукани по балонот ако фателе површински во камењето се одслизгувале со голема брзина, паѓале и до Прилеп. Додека тие што удирале фронтално во камењето над Марул тука експлодирале. Една таква одскоклива граната која го гаѓала балонот паднала во с. Штавица во куќата во која живееле Московци од Подмол и ја убила Ристејца Велика Москоска. Го оставила детето Најдо сираче.

Штотуку започнал месец октомври во 1918 година, борбата на фронтот како да постивнала, чад се  гледа помалце и гласот на оружјето се слуша се помалце. Кај народот некое шепотење наводно бугарскиот генерал Тодор Бојаџијев на Добро Поле во Мариово го продал фронтот за една канта злато на Французите. Но го фатиле Германците и му туриле во устата стопено злато. Само што започна месецот ноември се слушна зборување кај народот фронтот ќе се растури, некој почна да дофрла: Доста беше шест години војна, се мисли од 1912 година. Мајчето нас ни се плаче Македонците за туѓи интереси.

Бугарската и германската војска се повлекуваат од фронтот, со себе носат потребни работи, оружје, кујнски потреби и заминуваат на север према Прилеп. Уште не дозамината германската војска под селото во местото Дунките дошле еден италијански војник со коњ како извидувач за да види до каде е повлекувањето на бугарско – германската војска. Италијанскиот воен извидувач бил забележан од Германците и пуштиле повеќе митралески рафали по него. Извидувачот со грабнување на коњот преку Леќиште се изгубил во далечината. До наредниот ден бугарската и германската војска се повлекла за Прилеп.

Наредниот ден после пладнина дошла италијанската воена комора со храна на чајрот кај трлото на Блаже Танески и му делеле храна на жителите од с. Марул. Пред се леб, варен ориз и говедско сушено месо. Марулци за прв пат виделе цело говедско сушено месо пастрма да стој заштитено во говетската кожа.

Сета оваа хуманитарна работа што ја направиле италијанските над жителите во Марул била со тумач. Тумачот бил Павлески Јован – агата кој бил повеќе години на печалба во Америка и го владеел, знаел италијанскиот јазик. Преку Јован марулци добиле од Италијанците да фронтот повеќе не постои со капитулациониот потпис од страна на Централните сили Германија, Австро – Унгарија, Бугарија и Турција. Германската војска ја напуштила марулската црква која била претворена три години во воена болница од 1915 до 1918 година. Напуштена, вандализирана. Фреските во црквата по кажувањето на постарите марулци биле толку стари уште од раното христијанство од основањето на првата христијанска црква во с. Марул.

Од таде Прилеп кај Бело Поле имаше големи судири на бугарско – германската војска против француските колонијални војници од Африка незаштитетни но окупирани имаа страотен пораз. Котески Божин враќајќи се за дома како бугарски војник велеше човек не можеше слободно на земја да згазни од убиени и ранети француски воени жртви, големи греови тука видов рече Божин повеќе години телата и главите беа расфрлани во местото од тие невини африкански жртви.

Повеќето фамилии привремено иселени во Прилеп почнаа да се враќаат во матичното село Марул. Додека фамилиите Колески од Богдан, Јован од Коле и Ризо Колески, фамилиите од Тасејца и Стојановата од Павлевци, фамилијата на Стојаноски Тодор Котески, фамилијата на Стојан Јанкоски, фамилијата на Цветко Џелиноски никогаш не се вратиле во с. Марул. Стојан Јанкоски се преселила во с. Галичани, фамилијата на Цветко Џелин се преселила во с. Беровци. Видан Дашо отишол домазет кај Славковци во с. Бонче. Останатите горе наведени фамилии за стално останале во Прилеп.

Јанкоски Ѓорчев Трајан оженет пред три месеци за Јованоска Митрева Сребра Курелоска марулчанката. Само што се пуштил фронтот Трајан си тргнал дома да си иди во бугарска воена униформа заедно со неговиот братучед од тетка Павле Трајков Пускач од с. Штавица. Кај село Црничани нагазиле на минско поле од ексолозијата на една мина двајцата биле фрлени во воздух парчосани во делови. Трајан не стигнал да се види со неговата млада невеста Сребра.

Митрејца Мара Јованоска кога побегнала ќерка и Сребра за Трајан дошла кај Јанковци за да се увери дали сама сакала или е силум земена во разговорот и рекла Мара на ќерка си Сребра: Ех мори ќерко сега е за мажење, денес имаш маж, утре го немаш, војно време е. Небаре тоа што го изрела мајката мара до ќерката Сребра било како пророштво – клетва затоа Трајан умрел од таа изрека. Слушано од перачките каде што переа во реките.

По кратко време откако се оженил Трајан за Сребра неговата сестра дваесетгодишната Дуна се омажила бегалка за комшијата војникот Стеваноски Најдо – Гулабоски. Телото на отепаниот Трајан натоварено во запрежната Јанкоска кола врви низ дворот Стеваноски Гулабоски. Невестата Стеваноска Гулабоска Дуна поради уште невенчана го гледала братот Трајан од прозорите на кулата и не отишла ниту со свеќа да му запали, ниту на погреб му била. Раскажано од самата Дуна со солзи на очите, а додека Сребра Трајаница после годината од умирачката на Трајан се премажила за Митре Дурашоски во с. Добрушево.              

Продолжува

Loading