НЕТА НАГРАДА ЗА „СЕМЕЈНИ ПРИКАЗНИ“

Del od ekipata so nagrdata

Ансамблот на театарот се закити со Наградата на НЕТА за севкупно уметничко остварување за претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски. Наградата дојде по учеството на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков,, во Струмица. Во претставата играат Јасмина М. Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски.

– Наградата е доказ за квалитетот на ансамблот – вели актерката Јасмина Мицовска Станкоска.

,,Семејни приказни,, е претстава која преку играта на децата го прикажува светот на возрасните.

Инаку, театарот гостуваше на МОТ со ,,Арапска ноќ,, во режија на Зоја Бузалковска. Интензивирани се пробите за претставата ,,Глембаеви,, во режија на Бранко Брезовац, што премиерно треба да биде изведена на крајот од месецов.

Loading