ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА КУД „МИРЧЕ АЦЕВ“

foto kud mirce acev

Утревечер од 20 часот во големата сала во НУЦК „Марко Цепенков“ КУД „Мирче Ацев“ ќе го одржи 72-риот годишен концерт, презентирајќИ го богатиот македонски фолклор. Гости ќе бидат и хрватското КУД ,,Коло,, од Суботица, од Р. Србија, кое е младо фолклорно друштво со припадници на хрватското малцинство во Србија, а кои се идентификуваат како посебен етникум Буњевци. Ова друштво е оснивано да се зачуваат буњевачките игри, песни, носии, инструменти и обичаи за истакнување на посебноста на идентитетот.

КУД ,,„Мирче Ацев,, неодамна настапи во Суботица на фестивалот ,,Дужијанца,, како гости на колегите од хрватскиот културен центар ,,Буњевачко коло,,. Гостуваа во Бартин, Турција, како и во Познањ, Полска.

Loading