Денескa, утре и задутре
Здружението ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ од вечерва до недела во кинот Мистон ќе го организира осмото издание на Прилеп џез викенд.
Фестивалот овојпат ќе понуди одлична програма со врвни музичари од македонската џез сцена. На програмата се пет концерти и филмска проекција. Почетокот ќе го означи документарецот со џез содржина БЛУЕ НОТЕ во режија на Јулијан Бенедикт и Андреас Морел, а концертот што следува е новиот проект на Доријан Јовановиќ. На 14 септември, фестивалот ќе обединува квалитетни изведувачи со големо искуство. Тоа се Триото на Тони Китановски и џез ансамблот Кукурек, чии членови се едни од највлијателните македонски џез музичари од помладата генерација.
Финалната вечер е резервирана за квартетот на извонредниот гитарист Џоле Грујовски и Кабадајас, сега како трио, чиј жанр е мешавина од традиционалните ритмички изрази, со длабоко влегување во сферите на џез фузијата.
Мисијата на фестивалот е поддршка на домашната џез продукција, негување на добриот музички вкус и создавање на нова џез публика, посебно меѓу младите луѓе.
Почетокот на концертите е од 21 часот без покровители, донатори и спонзори, туку со влезници од 400 денари (пакет за трите дена во Сити тобако на плочникот), со кои се добива подарок ЦД од двојната компилација PRILEP JAZZ WEEKEND.