СМОКВИ ЗА КОЖА, БЕЛИ ДРОБОВИ, ТУМОР…

smokvaВо народната медицина смоквата се користи против опстипација, забоболка, отоци, тумори, кашлица, брадавици, воспалено грло, чиреви и гнојни апцеси. Во некои земји од млечниот сок се прави посебен вид сирење кое е наменето за доилки кои останале без млеко.

НАПИТОК ЗА ЈАКНЕЊЕ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ – 1 литар црно вино, 1 дланка суви сомелени смокви, 1 дланка мелен рогач,, 2-3 каранфилчиња И малку шеќер по вкус. Се става на оган да проврие десетина минути, се остава да излади и се складира во стаклено шише во фрижидер. Се пие по 80 мл. трипати дневно.

ПРОТИВ ЖУЛЕВИ – Проблематичното место се трие со свежи листови од смоква неколкупати дневно. Потребно е да се намачка и со млекото. Ова се прави доцна на пролет, во лето или во рана есен.

ПРОТИВ ЗАПЕК – 3-4 суви смокви, 3-4 суви сливи и 200 мл. вода. Исечете ги сувите смокви и сливи и прелијте ги со водата. Оставете да отстои преку ноќ. Наутро процедете, испијте ја водата, а плодовите изедете ги.

АФТИ – Против непријатните афти, џвакајте 2-3 млади и понежни листови од смоква, а потоа исплакнете ја устата со вода. Освен што се елиминираат инфекциите во устата, се добива и многу пријатен и свеж здив.

ЗА ГРЛО – За да се ослободите од непријатното гребење во грлото, се мешат три суви смокви, мед и топла вода. Овој напиток се пие во текот на денот.

ЈАКНЕЊЕ НА СЕКСУАЛНАТА ВИТАЛНОСТ – Натопете неколку смокви во млеко одвечер и  наутро изедете ги наместо појадок.

ЗА ЖЕЛУДНИК, ХЕМОРОИДИ, ХОЛЕСТЕРОЛ, АНЕМИЈА, АСТМА, БРОНХИТИС, НЕПЛОДНОСТ – 30 суви смокви наредете ги во тегла и до врв прелијте со маслиново масло. Затворете и чувајте во фрижидер еден месец. После тоа се јаде по една смоква пред секој оброк.

БРАДАВИЦИ – Се мачка со млечниот сок од смоквиниот лист кога ќе се пресече.

ЧАЈ ЗА БРОНХИТИС, ЦИРОЗА НА ЦРН ДРОБ, КОЖНИ ПРОБЛЕМИ, ВИСОК ПРИТИСОК, ДИЈАБЕТЕС – Две лажички лист од смоква се прелива со 200 мл врела вода, се остава поклопено 10 минути, се процедува и се пие наутро со појадок.

ИЗГОРЕНИЦИ И РАНИ – Сварете сува смоква во млеко или вода, изладете и пресечете ја на половина и ставете на изгореницата или раната.

Loading