ПРВИТЕ БОЛНИЦИ И ПРВИТЕ ГРОБНИЦИ

За време на Првата светска војна 1914 -1918 г. се отворил фронт од врвот Кајмакчалан во Мариово сé до околната на Битола. Борбите се воделе меѓу сојузничките војски на Германија и Бугрија и, од друга страна, армиите на Франција и Србија. Фронтот бил рововски неколку години. Битола била блиску до жариштето, а Прилеп заднински. Војската се снабдувала со храна и оружје и носела ранети војници. За сместување и лечење на ранетите војници, Германците организирале две болници именувани како втора и шеста болница. Едната била куќата на фамилијата од Селчани, а другата кај Шишковци.

Кај Селчаните, група германски офицери ги разгледале двете куќи, нивната и од чичко им, лепенки. Им наредиле на домашните итно да се иселат. Дел од Селчаните се сместиле на горниот кат во куќата на Вандевци, преку патот близу Шарена Чешма.

Двете куќи биле на два ката со по 6 соби, широки, осветлени со големи прозорци. Пред нив имало широк двор засенет со неколку лозници.

Според раскажувањата, по иселувањето Германците со запрежни коли носеле ранети војници од битолскиот фронт и од Кајмакчалан. За неколку дена собите се наполниле. Во долниот широк салон поставиле маси за хируршки операции. Операциони маси имало и во дворот. Секој ден се слушале пискотници и офкања. Германците изнесувале војници кои подлегнале на повредите и носеле нови ранети.

Германските воени карти биле фатални за Селчаните во Втората светска војна. Германците од аеродромот во Битола испратиле авион да ги уништи обележаните објекти на воените карти од Првата војна. Бидејки било ноќ, авионот не успеал да ја пронајде касарната, но ја пронашол болницата кај Селчаните. Леталото истурило десетици бомби и куќата била до темел урната. Загинале четворица членови на семејството, а дел биле тешко ранети на 9 април 1941 г. Тоа биле првите жртви што ги дал Прилеп.

За своите најмили загинати, роднините изградиле две гробници по белградски проект за споменици од 2 метри. Писмото на плочата е со јазикот кои се употребувале во Прилеп Кога се изградиле гробниците, починатите од гробовите биле сместени преку отворите во гробниците, а местото од гробовите како составен дел од гробната парцела до 2004 год. служело за сместување на нови починати во гробниците каде биле сместени уште четири члена на семјството. Овој начин на погребување се почитувал од сите власти се до 2004 год. Но, просторот за пред гробот, некои од властите го издале за нов гроб и се затвориле влезовите на гробниците и се оневозможило сместување на покојници

Loading