ПОДАРЕНА КОСА – ХУМАН ГЕСТ

Kosa 1

Деновиве сајтот Маркукуле пренесе вест дека девојче од Прилеп ја скратило косата и ја донирало за деца заболени од рак. Калина Стојаноска косата ја сплетила во плетенка и ја донирала во холандската организација “Haarwensen”, која изработува перики за деца болни од рак. Како што информира порталот, малата Калина е поголема од секој возрасен човек и е вистински светол пример дека во ова општество на поделби, сеуште има верба и добрина која треба да се следи. Таа со нејзиниот голем и хуман потег покажа дека детското срце е најчисто и секогаш исполнето со голема љубов.

“Тато мојата ќе порасни, ама на некое девојче ќе му треба периката за да може да не се чуствува различно од другите”, му рекла Калина на нејзиниот татко Горан – пишува порталот Маркукуле.

Сторијата за хуманиот гест на Калина која ја води чувството на солидарност и желбата да им помага на немоќните ја поткрепуваат со галерија фотографии.

Kosa 3

Loading