ИМА ЛИ РАБОТНА СИЛА ВО ПРИЛЕП

Ekon sovet

Актуелни состојби во стопанството

– Во Агенцијата за вработување има 6.964 активни баратели на работа

Се бара решение за недостигот од работна сила во стопанството. Во Агенцијата за вработување има 6964 активни баратели. Им се нудат работни позиции, а тие немаат интерес да се вработат, додека стојат на располагање слободни работни места.

Според Ирена Јакимоска, претседател на Регионалната комора, тоа е најголемиот проблем за стопанството. 

-Стопанство се соочува со недостиг на работници подолг период. Немаме реална претстава која е понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Регионалната канцеларија се обрати до Агенцијата за вработување за да го дознае бројот на активните невработени. Бројката е 6.964 баратели на пазарот на трудот. Од друга страна стопанството не може да најде работна рака. Се наоѓа само мал број. Тие активно се пријавуваат секој месец во Агенцијата, што значи дека се во земјава. Во моментов правиме интервјуа со нив да дознаеме зошто, покрај тоа што им се нуди работна позиција, немаат интерес да го остварат правото на работен однос – вели Јакимоска.

Ek sovet

Регионалната стопанска комора веќе ги собира и ги анализира потребите на стопанството. Со Агенцијата за вработување се прочистува списокот на баратели.

-Клучно и најбитно е да се прочешла списокот, за да се види реалната состојба – колкава е побарувачката на работната сила и која е понудата. Потоа ќе спроведеме конкретни мерки за надминување на недостатокот од работна сила што ќе ни биде потребна во наредните пет години за реализација на бизнис плановите. Сите заедно, синдикатот, стопанството, инспекторатот, Фондот за здравство да ја ревидираме ситуацијата и да видиме со каква работна сила располагаме и да направиме работна нација – изјави Јакимоска.

Регионалната канцеларија на Стопанската комора собира информации од компаниите, кои треба да ги соопштат плановите и потребите за следните 5 години.   

Од 1 септември годинава, доколку еден активен барател на работа одбие двапати понудена одредена работа, го губи правото на социјална помош.

За недостигот од работна сила стопанствениците разговараа и на седницата на Економскиот совет, иницирана од градоначалникот Илија Јованоски.

ЗА ПРАЗНИКОТ НА ГРАДОТ

ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР  НА СТАДИОН

Пред прилепските стопанственици, градоначалникот Јованоски ги презентира тековните проекти на Општината и оние чија имплементација почнува овој и следните 2-3 месеци со посебен осврт на Градскиот стадион чија фаза на реконструкција е во финиш.

– Изведувачот, фирмата Изофас максимално се ангажира да го заврши стадионот до крајот на градежната сезона. Се надевам дека и Фудбалската федерација ќе заврши со поставувањето на тревникот. Ако сé биде според планот, на 3.ноември на Градскиот стадион ќе гледаме фудбалски натпревар – изјави Јованоски.

Loading