ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД КАРПАЛАК

Spomen ploca Karpalak

На 8 август се одбележа 18 годишнината од настанот кога загинаа 10 прилепски бранители, кај месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово, на 8 август 2001 година, во време на воениот конфликт.

Беа посетени нивните вечни почивалишта. Се одржа и панихида во црквата Света Петка во Точила. Највисоки делегации, на чело со Радмила Шекеринска, вицепремиерка и министер за одбрана, градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на општинскиот совет, Миле Талевски, претставници од кабинетот на Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, од АРМ, од здруженијата на бранители, здружението на борци, политички партии, граѓани положија цвеќе на и пред Спомен плочата на која се испишани имињата на загинатите бранители, во центарот на градот.

На 8 август 2001 година, кај месноста Карпалак, беа убиени: Сашо Китановски, Нане Наумовски, Марко Деспотовски, Љубе Груески, Бранко Секулоски, Дарко Велјаноски, Горан Миноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Ердован Шабаноски, припадници на резервниот состав на АРМ од Прилеп.

Loading