15 ГОДИНИ КОМФИ АНГЕЛ

Comfy Angel - Irena JakimoskaВработените треба да се изјаснат дали сакаат да се воведе топол оброк

По повод 15-иот роденден на компанија Комфи Ангел, беше одржана свечена средба со вработените. Од првиот момент уште се 48 работници. Тие добиле јубилејни подароци. Директорката Ирена Јакимовска презентирала идеја вработените да решат преку анкетен прашалник дали ќе се организира топол оброк или надомест во парични средства. Менаџментот ќе донесе одлука според резултатите од анкетниот лист.

Заедно со созревањето, компанијата Комфи Ангел и вработените ги остваруваат основните права, право на работен однос и право на пензија. На двајца вработени им посакавме среќно пензионирање, мирни и пензионерски денови. Тие добија подароци за пензионирањето, а ние сите си посакавме плодна работа и да си го оствариме правото на пензија – напишаа на ФБ профилот на Комфи Ангел, на 13 август.

Комфи Ангел е специјализирана компанија за производство на перници, јоргани, заштитници за душеци и постелнини. Извозно ориентираната фирма со 900 вработени се простира на 23.000 м2. Работат со стандарди кои се еквивалентни на iso 9001:2015 и во согласност со Законската регулатива за безбедност и здравје при работа на Обеденетото кралство. Компанијата е акредитирана со Oeko-Tex и BSCI стандарди и има највисоки отценки на Intertek ICS социјалните и етичките ревизии.

ФЕР СО ПОТРОШУВАЧОТ

Комфи Ангел на 30 јули стекна сертификат Фер со потрошувачот. Тој е потврда за исполнетост на критериумите за фер однос кон потрошувачите кои се однесуваат на заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачот, фер практики при информирање, рекламирање и склучување договори, техничка поддршка и решавање поплаки, заштита на личните податоци и приватност, едукација и свесност на потрошувачот и совесна и одржлива потрошувачка.

Loading