ПРЕУРЕДУВАЊЕ НА ПЕНЗИОНЕРСКИОТ КЛУБ

DSC05508

Според програмата за доделување на еднократна парична помош, на Здружението на пензионерите, од 200 пензионери во првата фаза годинава им се доделени 750 илјади, од 1,5 милиони денари планирани за ублажување на неповолниот социјален статус. Во грижата за членството, Здружението издвои над 250 илјади денари за бањско лекување.

Моментно се реновираат и реконструираат клубските простории и канцелариите. Се менуваат прозорците со изолациски ПВЦ профили и двојни термо стакла за намалување на потрошувачката на енергија за загревање. Со реновирањето, клубот се проширува за 30 м2. Паралелно ќе се менува и мебелот, осветлувањето, загревањето и разладувањето. Се преуредуваат и канцелариите на претседателот, секретарот и благајникот. Здружението ќе инвестира околу два милиони денари сопствени средства. Се очекува работите за завршат до празникот Илинден.

Loading