МОДЕРНО ЧЕТУВАЊЕ НАМЕСТО ПОРТАРЕЊЕТО НА КАМЕН

Фејсбук „манија“ или пополнување на слободното време како летен хит

facebook

Не така одамна се негувал адетот, на голем камен поставен пред куќите, домаќинките да седат и да “скршат” два-три збора, додека чекаат да стигне ручекот. На топло време каменот им служел како “прозорец кон градот”. Телевизија немало, па поинтересни биле темите кој поминал, зашто поминал, со кого бил, каде кинисал… Едноставно каменот пред порта бил место за меркање на минувачите и инспирација за муабет, односно озборување, интриганство и создавање на инсинуации, се разбира од морален аспект. И тогаш, и сега постарите, летно време седат и ја продолжуваат традицијата… Вака сме напишале во Зенит во декември 2013 година.

Шест години подоцна се потсетуваме на портарските камења. Овојпат од друг агол, дека студените масивни камени парчиња сега се заменети со удобни фотелји и столчиња, а трачарењето или озборувањето се врши на интернет односно на социјалните мрежи. Не тресе ли сите фесјбукманијата или пополнувањето на слободното време, особено во летниов период како хит или навика на која сите и робуваме?

Вистинско “чудо” се таканаречените женски групи на Фб. Од оние како “Женски домаќински муабети” или “Прилепчанки на кафе муабет”. Или се многу корисни или се “тресат” такви глупости со коментарите или прашањата што човек едноставно треба да се вчудоневиди?! Се отсликува ли нашиот менталитет или сето е резултат на здодевност, потреба за забава или може да се најдат и корисни информации?

Со поставување на прашање во таканаречените групи може да добиете информација кој доктор кога е на смена, да најдете мајстор за плочки, да ви препорачаат членките на групата идеја за подарок или што ли уште не! Покрај корисните информации, честопати има и “стручни” мислења за болести и дијагнози… Некои прашања се поставуваат анонимно. Има  и такви дали може да се има секс во куќата, иако нема 40 дена од смртта на покојникот, или не ме сака свекрвата, што да правам и слично… Некои фирми ги користат за реклама овие групи, споделувајќи дел од нивните производи или видови на услуги кои ги нудат.

Конкатиравме дел од администраторите да ни одговорат на прашањата зошто ја формирале и како е да се биде администратор, да се координираат над 13 илјади членови. Кој е интересот, има ли бенефит? Очигледно има и шеги, можеби и непотребни и интимни прашања, но во секој случај од полза! Да ни кажат повеќе. За жал, не добивме никаков одговор!

Социјалните мрежи како алатка во процесот на управување со знаење се тема и на магистерски труд. Авторите пласираат информации дека социјалните мрежи го зазедоа местото на комуникацијата во четири очи. Залепени сме за компјутерите и за телефоните, па дури и тогаш кога седиме со друштво.

Денес животот се врти на Интернет, на социјалните мрежи, тука е местото за „добивање” на нови пријателства и за прекинување на старите. Интервју за работа, настап пред професор, јавно говорење, вербална комуникација – усно искажаниот збор станува минато. Луѓето се отуѓуваат од пријателите, бидејќи социјалните мрежи заробуваат и личноста заборава вистински да комуницираат со пријателите и станува интровертна. Несвесно почнуваме да ги напуштаме вредностите што подразбираат пријателство, почит, дружељубивост. Истражувачите велат дека создаваат пријатели во виртуелниот свет со кои не можат да комуницираат поинаку освен преку социјалните мрежи и да ги прашуваат дури и за тоа кога имаат болки во прстот од ногата…

Разговорите на социјалните мрежи им го поедноставуваат контактот со пријателите, но социолозите предупредуваат дека тоа не е вистински начин за остварување комуникација и дека не може да го обезбеди чувството за подлабоко поврзување, потребно за вистинско пријателство. Виртуелните разговори треба да бидат само надополнување, а не замена за реалните социјални интеракции.

Според некои професори, ширењето пријателства од една страна е позитивно. Но, од друга страна ваквата комуникација има и многу негативни страни. Разговорите на социјалните мрежи, или популарно наречениот „чет”, сметаат социолозите, можат да го загрозат социјалниот живот. Тие треба да се користат само во неможност да го направите тоа лице в лице, или за контакт со лица што се на поголема оддалеченост.

Facebook го зацврсти својот статус на неприкосновен крал во џунглата на социјалните медиуми во истражувањата, кои покажуваат не само дека мрежата сама има повеќе месечни посети од било која друга, туку и дека тоа го имаат и сестринските платформи, Whats Up и Messenger. Интернет пенетрацијата е зголемена на 79,3 проценти опфат на домаќинствата во првото триемесечје од 2018 година, наспроти 73,6 проценти во истиот период лани, информираа од Асоцијација за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска.

– Граѓаните на Интернет најмногу зборувале и учествувале на „Фејсбук” и тоа 64,8 проценти од Интернет-корисниците, но помалку од минатата година односно 83,8 проценти. Што се однесува до користење на Интернет за социјални мрежи кое е најголемо, мажите (68,6 проценти) многу повеќе од жените (60,9 проценти) учествувале на социјалните мрежи според минатата година – информираат од асоцијацијата.

Огромен е бројот на корисници на глобалниот феномен „Фејсбук” кој постојано се зголемува. Социјалните медиуми се резултат на вториот бран на Интернет, наречен веб 2.0, а се појавуваат од 2001 година, па наваму. Има шест типови социјални (друштвени) медиуми. Најчести форми се блоговите, мрежите за дружење, содржинските заедници, форумите… Во време кога социјалните мрежи се наше секојденвие забораваме да контактираме и разговараме со блиските, со оние кои реално добро не познаваат, туку тоа го правиме со другарчињата и девојките од групата и се препуштаме на нивното колективно дејствување.

Од сервисите за социјално вмрежување, локално најинтересен е „Фејсбук” затоа што е првиот и единствениот сервис што успеал на една веб-локација да донесе толку многу македонски корисници. Луѓето нема да имаат потреба да се вмрежуваат ако немаат заеднички работи кои ќе бидат причина за поврзување.

Нови релации и врски, ново модерно портарење. Старите прилепчани рекле: Што време иди, тоа се јади..”

МРЕЖА ЗА СТУДЕНТИ

Сервисот за социјално вмрежување „Фејсбук” е основан од Марк Закерберг. Го креирал заедно со колегите, Едуардо Саверин, Дастин Москович и Крис Хјуџис во февруари 2004 година. Првичната цел на сервисот била да се вмрежат студентите од универзитетот Харвард, каде студирале и основачите на мрежата. Како последица на брзиот развој, мрежата прво се проширила низ сите американски универзитети, а подоцна ја менува својата целна група и се шири низ целиот свет.

СОВЕТ ПРОТИВ СВЕКРВА

“Во брак сум 11 години. 7 години живеевме во заедница со сопругот  и никогаш не се каравме заради некој наш заеднички проблем. Свекрвата секогаш беше таа со потцнуваше. Цело време зборува пред сопругот за мене, а тој ништо не и враќа. Кога ќе му речам, ја брани и негира дека нешто велела против мене. И секогаш излегувам виновна. Затоа состојбата е навистина сериозна. Секој совет е добредојден – пишува анонимно членка во групата.

noktСРЕЌНО СО НОКТОТ

“Ноктот е предлабоко исечен и малку да потера ќе ти гнои во месото. Киснење во солена вода на морска сол или епсон салт ако можите да најдите и дезифективна маст. Пробајте со домат како што ви пишале тука, ама не знам за резултати. Можеби помага. Сум слушнала, но не сум пробала! Срекно” – пишуваат совет за болки на прстот од ногата

Loading