ЗАНАЕТЧИСКАТА КОМОРА НЕМА ДА ЗГАСНЕ

После долги години блокирана сметка и опасност од згаснување Занаетчиската комора на Прилеп ќе може нормално да функционира откако Советот на Општината и додели 600.000 денари со кои ќе се плати долгот кон ФЗОМ кој бил направен во периодот од 2001 до 2008 година кога комората имала тројца вработени на кои не им се плаќало здравствено осигурување поради нередовна членарина. Се избегнало прилепски занаетчии да мора да се регистрираат во Битолската комора.

Обврските пак кон ПИОМ кои изнесувале 1 милион денари ќе си ги плателе сами. Занаетчиите очекуваат овој сектор кој вработува над 600 луѓе да продолжи да се развива.

Loading