ИМАМ GYPSY SOUL, НА КОЈА ШТО И ВЕРУВАМ И МЕ ВОДИ

Стефанија Стефаноска, матурантка од Гимназијата “Мирче Ацев” го освојува светот

– Режисер на претставата “Чорба од канаринец”

– Единствен претставник на државава на самитот на ООН во Малезија за образованието на младите

Edinstven pretstavnik na  Makedonija

Матурантката Стефанија Стефаноска, од гимназијата “Мирче Ацев” која беше единствениот делегат кој ја претставуваше земјава во Куала Лумпур, Малезија, на самитот организиран од Обединетите нации, а на кој се разговарало за глобалните цели за реализација до 2025-тата година, во полза на образованието за младите, ја продолжува својата авантуристичка приказна во Кина. Таа е и режисер на претставата “Чорба од канаринец” која е современа комедија, базирана на една од вечните теми машко – женските односи. Иако има само 18 години, буи со многу идеи, посветено работи во невладиниот сектор и ја сака режијата. Покрај искуството во Малезија, Стефанија моменто работи и на проект од програмата на УСАИД и НМСМ, со наслов “art therapy”. Таргет група се децата, жртви на семејно насилство. Целта е преку глума и цртање да им се помогни да се намали ефектот, односно да се подобри нивното психофизичко здравје. Преку анализа на филмски карактер да се анализираата нивните сопствени карактери. Крајна цел е снимање на 4 краткометражни филмови кои ќе бидат претставени на малиот фестивал “Браќа Манаки” и одржување изложба. Стефанија во Кина ќе предава англиски јазик во средно училиште во Пекинг.

Gluma i rezija vo srceto

– Моментно работам да заштедам средства за моите студии и подготвувам изложба која најверојатно ќе биде на крајот од месецов во сороботка и координација на мојот проект ,,light up the darkness” и проектот на мојата колешка Марија Алое Вера Дрзмановска. Се подготвувам и посетувам часови по кинески јазик. Годинава ќе ги почнам студии по психологија и новото работно патување во Кина. Немам други точно одредени планови. Често за себе знам да речам дека имам gypsy soul, на која што и верувам и ја оставам да ме води. За љубовта кон режијата, глумата, активизмот се’ почна со обични рецитации во основно и работата со наставничката Билјана Јагуриноска, која што ме насочи на вистинскиот пат. Амбициозноста ме чинеше да ги пропуштам дружбите со моите другари, но не жалам. “Да ја признаеше власта на Дионизи, не ќе мораше  да јадеш леќа, рекол Аристип, но да можеше да јадеш леќа, не ќе мораше да ја признаеше власта на Дионизи”. Да не морав да се соочам со сите предизвици и приватно и на работен план, многу нешта немаше да бидат вакви какви што се. Имав периоди кога немав време за навремено да јадам и спијам. Станував одев на училиште, после на часови по италијански,  па на часови на глума, доаѓав дома на полноќ и пак истото наредниот ден. Потоа се уморив како што и на сите ни се случува. Дојде денот Д каде повеќе го немав жарот потребен за на сцената. Престанав со се’, буквално. Додека мирував, гледав често претстави, филмски премиери и слично. До мене дојде предлог од еден пријател актер, да режирам и дека него би му било единствен предизвик да игра во претстава која би ја режирала. Таа знае колку многу сум посветена, колкав перфекционист сум. Бев во фаза, зошто да не? Да пробаме. Најдов текст, го преведов и почнавме. Бевме изненадени од крајниот резултат и успехот од 5-те преполни Сали, за кои се бараше билет плус – објаснува Стефанија.

Gordost za Fimnazijata

После нејзиниот прв Еразмус проект, сфатила колку може повеќе да научи и колку може да влијае на другите деца.

-Единствена помош ми беше мојата другарка Даниела. Таа ме ,,трпеше” и советуваше дури и во три часот по полноќ. Одлучив да го спојам искуството и да работам проекти во мојата матична невладина организација ,,Волонтерски центар Скопје”, кога и започна моето искуство со невладиниот сектор. Се надевам дека успеав да му помогнам некому и сето тоа ме исполнуваше како личност. За тоа каков карактер ќе бидам, многу ми помогна и проектот на кој што бев во Турција два месеци – објаснува таа.

Naskoro ke odi vo Kina

За активизмо има бројни анонимни писма со благодарност од учесници во проекти работени во соработка со УСАИД, а со коиомогнала да се стигне до посакуваната цел.

ЧОРБА ОД КАНАРИНЕЦ

Претставата “Чорба од канаринец”, во нејзина режија, одиграна е петпати и салите биле преполни .

-Тоа е современа комедија, базирана на една од вечните теми односно машко женските односи. Михајло и Елена (ликовите од претставата) после долгогодишно заедничко живеење, одлучуваат да стапат во брак, но дали љубовта во бракот ќе им остане иста е прашањето поради кое се полемизира во претставата. Елена сака да стапи во брак, зошто верува дека нивниот однос би се зацврстил. Михајло не сака да стапи во брак воден од стравот дека нема да биде исто како порано. Одлучуваат да пробаат компримиран брак.

Во претставата играа Јована Трајковска и Марио Велковски во соработка со литературниот сектор од гимназијата.

Pismo 2

Stefanija StefanoskaЗА МАЛЕЗИЈА ИЗБРАНА МЕЃУ 7243 АПЛИКАНТИ

На објавениот повик од Обединетиве нации за делегат (1 од секоја држава) од 7243 апликаци, била избрана нејзината.

– После сите минати интервјуа и испити, после еден месец го потврдија учеството во Куала Лумпур на самитот за потврдување на стапките на образованието и донесување на одлуки за наредната година. Се соочив со предизвик во моментите кога мораше да се преговара со делегатите од Либија, Буркина Фасо, Јемен… Зошто едноставно она што беше за цел дадено (после долги пресметки и планирања со соодветниве државни органи), односно оние бенефити кои што Македонија требаше да ги оствари, многу често знаеја да дојдат во судир. Потребни беа околу 14 часа непрестано дебатирање, додека не се стигна до краен заклучок поволен за мнозинството. Многу кафе беше испиено таа вечер/ден. Во однос на мојата улога после моето враќање беше заклучено дека успешно ја извршив, повеќе од очекуваното – вели Стефанија.

Loading