ЕУФОРИЈА СО КРИГЛА И ЦЕЦА

Прилеп ќе биде престолнина на пивото уште три дена

ceca
Градот веќе е во пивски “пламен” на 17-тото издание на Пивофест. Факелот на славата на пивото кој ќе гори до в недела веќе се распали сношти. Како со квасец замесена, збувна врелата малиганска атмосфера со свирките на популарните интерпретатори, студеното пиво замезено со познатата прилепска скара. Импресивната сцена со екрани и монитори, со квалитетниот моќен звук ќе лула во стомакот вечерва со најатрактивната гостинка Светлана Цеца Ражњатовиќ. Сé е во пивски транс. Блика црвенило на образите и насмевки на лицата на домаќините и на гостите. Забава без граници со празнење на криглите до дното. Се пее, се игра рок и диско, чочек и оро.
-Ладното точено пиво е мелем за душата. Нé понесе пивската еуфорија. Како што е тргнато, ќе не раздени – велат дел од гостите.
Градот спремен дочекува стотина илјади гости.

Ladno toceno

Loading