ДЕВОЈЧЕ ПАДНАЛО КАЈ ЧУЛЕ НА СЕЛЕЧКА

helihopter

Алпинистичката екипа од Единицата за специјални задачи при МВР со хеликоптер, успеа да го извлечи 16-годишното девојче од Прилеп, кое на 16 јули паднало во провалија и добило повреди на местото Чуле на Селечка планина, откако била пријавена несреќа во полицијата. Полициски службеници веднаш излегле на местото и бидејќи теренот бил непристапен била повикана алпинистичка екипа од Единицата за специјални задачи при МВР и хеликоптер на МВР, кои во најкратко можно време пристигнала и го извлекла девојчето, кое било префрлено во болницата во Прилеп. Девојчето изјавило дека се лизнало и паднало во провалија при пешачење.

За настанот е известен и јавен обвинител.

Loading