УЧЕНИЦИ НА ПРАКСА ВО ТРАФОСТАНИЦАТА НА МЕПСО

mepso

Првпат, група средношколци од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ остварија десетдневна пракса во трафостаницата на МЕПСО во Прилеп. Меморандумот за соработка,  неодамна склучен меѓу МЕПСО и училиштето, е основа за плодна соработка од која еден аспект е практичната настава за учениците од електротехничката струка. МЕПСО отвори можност за донации во проекти за унапредување на образовниот процес, а се разгледуваат и опциите за донирање високонапонска опрема во функција на нагледни средства за училиштето.

Учениците добијаа практични знаења од предметот ,,Разводни постројки,, кои им ги пренесоа искусните стручни лица од трафостаницата ,,Прилеп,,.

Ова е дел од проектот на МЕПСО во сегментот на општествена одговорност, со кој се афирмира електротехничката струка во средните училишта во шест градовите. Особено значајно за подобрување на квалитетот на практичната настава е можноста во претстојната учебна година да ги следат активностите на модернизацијата на трафостаницата ,,Прилеп,,.

МЕПСО склучи договор за модернизација на трафостаницата ,,Прилеп,, која вклучува промена со нова на високонапонска опрема што е во функција 40 години. Вредноста на проектот е 1,1 милиони евра. Проектот ќе овозможи Прилеп и околината да добијат стабилно и сигурно снабдување со квалитетна електрична енергија наредните 20 години.

Loading