КУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ – „СВЕТСКИ ПРВАК“ ВО ФОЛКЛОР

Пред 50 години

kud

Пред 50 години, на светскиот фолклорен фестивал, одржан во Ланголен, Велика Британија, од 7-13 јули 1969 година, КУД ,,МИРЧЕ АЦЕВ” – ПРИЛЕП, со тактот и звуците на македонскиот мелос, надополнети со тапанот, зурлата, гајдата и ритамот на орото, во конкуренција на културно уметнички друштва од голем број земји од светот, го освоил, ПРВОТО МЕСТО. На истиот фестивал, виртуозот на гајдата, ПЕЦЕ АТАНАСОСКИ освоил ПРВО МЕСТО во соло настап. Англискиот печат и телевизија на овој успех му посветил големо внимание, а играорците од Прилеп, гостувале и во емисија на телевизиската куќа ,,БиБиСи”.

Овој податок за исклучителниот успех на играорците од КУД Мирче Ацев пред половина век го сподели на својот Времеплоф на фејсбук профилот историчарот Рубинчо Белчески поткрепувајќи го текстот И со неколку фотографии. Не е прв пат, тој да ј арефрешира меморијата н астарите прилепчани односно да ги запознава младите со настаните и случувањата од минатото.

Loading