АБДЕСАНИ ЗА МАЈТАП

2-5

Мијалницита на фонтаните кои се наоѓаат на плоштадот „Александрија“ пред Комерцијална што беа поставени во средата утрото ја поттикнаа и разбудија имагинацијата и онака шеговитата страна на прилепчани. Фотографиите на порталот Маркукуле предизвикаа лавина реакции и коментари, по што за неколку часа исчезнаа металните абдесани.
“Надлежните решиле да ги поправат фонтаните поставувајќи два мијалници и со тоа да можат да се користат сите три. Кратко потоа, откако целата фејсбук заедница им удри сеир на општинските власти, мијалниците мистериозно исчезнаа. Не почекаа ниту да видат дали некој ќе дојде и ќе измие садови….” – напишаа на порталот.

1-5
Прилепчани како секогаш мошне досетливи! Коментарите се движеа од тоа: “Море чудо едно, од кај ли се набавени? Како најдоа толку финансиски средства да ги набават?”, “Каде е сапунчето?”; “Може ли нозе да се мијат?”, “Чинат ли 200 илјади евра”, до предлог ,, тој што го измислил чудото, заслужува нобелова!?” Односно “абре пиво фест е, народ че дојди, бруки че бидите…”

3-4

Loading