САНИРАНИ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ОГНОТ

ЈКП Комуналец

1

За пожарот на депонијата во Алинци, ЈКП Комуналец ја извести јавноста уште истиот ден. Беа запознаени и советниците на последната седница на Совет за причините, гаснењето, санирањето од последиците и сите преземени активности околу пожарот.

Во соопштението на Комуналец стои дека непознати сторители подметнале пожар на депонијата Алинци. Понатаму се вели дека пламенот, кој се закануваше да ја зафати целата депонија, е ставен под контрола уште истата вечер.

4-1

Вработени во Комуналец и противпожарната единица гаснеа со расположливата механизација. Спречена е катастрофа од поголеми размери. Заради опасноста од повторно запалување од ветровите, дежурна екипа од Комуналец е на терен со две цистерни и градежни машини и ги санира оштетувањата на депонијата.

3

За заштита на животната средина, отпадот се третира со собирање, селектирање и депонирање и со покривање со земја на депонијата Алинци – стои во соопштението на Коминалец.

IMG 4105

Loading