ЕКО БОМБА Е ПОЖАРОТ НА ДЕПОНИЈАТА АЛИНЦИ

ВМРО – ДПМНЕ

IMG 4162

ВМРО ДПМНЕ ги критикуваше локалните власти и ЈКП Комуналец дека не презели ништо за гаснење на огнот на депонијат Алици од 27 јуни до 3 јули. За партијата, ова претставува нова еколошка бомба во срцето на Пелагонија.

-Шест дена депонијата гори, а полето е исполнето со чад и канцерогени состојки, кои се голема закана за здравјето на граѓаните, особено на земјоделците, но и за вработените во фабриките во индустриската зона Алинци – велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Затоа прашуваат дали некој ќе одговара за еколошката катастрофа и што работи ЈКП Комуналец под чија надлежност е депонијата? Партијата прашува дали е загрижен заменик министерот за животна средина Макрадули, бидејќи доживува труење од невиден размер најплодната рамница во Македонија? Понатаму прашуваат дали за предизвиканите штети одговорност ќе сноси и градоначалникот Илија Јованоски и директорката на Комуналец Ирена Станковска, или како за сé друго ќе останат недопирливи луѓето од власта на СДСМ? Вака ли изгледа новиот концепт на старо-новиот претседател на СДСМ, Миле Талески и вака ли ќе работи во интерес на граѓаните, прашуваат од ВМРО – ДПМНЕ и додаваат дека граѓаните се соочуваат со екстремни горештини, а поради неспособноста на власта дишат и отровен воздух.

Loading