ТРЧАМЕ ЗАЕДНО ЗА ЛИЦАТА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА – WE RUN – WE CARE

В недела

Trcame zaedno

Рекреативно донаторска трка во долга 5 км. вторпат ќе се одржи в недела,  во 19 часот во центарот на градот под мотото „Трчаме заедно за лицата со церебрална парализа”.

Преку рекреација и колективно дружење на бизнис секторот и граѓаните да се соберат повеќе средства за лицата кои боледуваат од церебрална парализа. Средствата ќе се искористат за одржување на Дневниот центар за лица со церебрална парализа.

Трката се одржува во соработка со Гентерм Македонија, Комфи Ангел и Стопанската комора на Македонија – Регионалната канцеларија од Прилеп, Мермерениот Комбинат, Прилепската пиварница, конфекцијата Кули, Вик и Ветеринарната клиника Прилеп.

За секој учесник, Општината ќе обезбеди благодарници во знак на хуманиот гест.

Loading