ТИЊАТА ВО СУШНИ ПОЛИЊА

ЈКП Водовод и канализација

PS1

Директорот на ЈКП Водовод и канализација, Емил Јанески реагираше на изнесените, според него невистини од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕза работата на пречистителната станица. Јанески напомена дека во отсуство на инвентивност како да бидат коректор на власта, а во насока на подобрување на животот на граѓаните, ОК на ВМРО-ДПМНЕ решил политичкото дејствување да го темели врз основа на лаги и манипулации.

-Се наоѓаме пред сушните полиња во кои се таложи вишокот на тиња. Сушните полиња се полни со повеќе од 400 м3 тиња. Ако се има во предвид дека вишокот  тиња е во последните 5 месеци и дека вработените во пречистителната станица просечно вадат и таложат во сушните полиња 70 – 80 метри кубни, ќе биде јасно дека сета тиња која останува како вишок, се наоѓа во сушните полиња. Пречистителната станица има 24 часовен видео надзор. Затоа, го повикувам претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески заедно и во присуство на медиумите, да ги прегледаме видео снимките и да констатираме дали има било какво незаконско делување на вработените. Ако се испостави дека ВМРО-ДПМНЕ лаже, а лаже, најмалку што очекувам е Ристески да им се извини на граѓаните на Прилеп – изјави Јанески.

PS2

Првиот човек на Водовод и канализација упати апел до ОК на ВМРО-ДПМНЕ, доколку имаат било каква сугестија или прашања поврзани со работата на јавното претпријатие, а во насока на подобрување на услугите кон граѓаните, да се обратат до менаџерскиот тим. Предлозите и сугестиите ќе бидат земени во предвид, прашањата ќе им бидат одговорени, во интерес на граѓаните кои треба да ја знаат вистината – рече Јанески.

Тој посочи дека во понатамошната постапка, ЈКП Комуналец треба да ја подигне тињата и под посебни услови да ја однесе и да ја складира на депонијата Алинци. Нагласи дека за оптимално функционирање на станицата, потребно е да се собере одредено количество тиња и со одржување во живот на микроорганизмите, практично се одвива процесот на пречистување на урбаните отпадни води.

PS3

-Пречистителната станица функционира според позитивните законски прописи. Тоа значи дека во реката пуштаме технички исправна вода. Целокупната фекалија и нечистотија од урбаните отпадни води се таложи на сушните полиња – потенцираше Јанески.

PS4

Loading