ПРЕМИЕРА НА „КРАЈОТ НА СВЕТОТ КАКОВ ШТО ГО ЗНАЕМЕ“

Театар „Чин 4 Сцена 5

Dimitrina Mickoska

Во рамките на манифестацијата „Прилепско културно лето“, Театар „Чин 4 Сцена 5“, премиерно вторник од 20 часот во ЦК „Марко Цепенков“, ќе ја изведе завршната претстава на третата група на ученици при училиштето за театар, ,,Крајот на светот каков што го знаеме,,. Текстот е на Алекс Браун. Играат Иво Јездиќ, Тереза Спасеска, Михаеле Јованоска, Михаела Јанеска, Хелена Зографоска, Даниела Димитриоска, Јована Златанова, Христијан Тунески и Илин Ристески.

Инаку, театарот со монодрамата ,,Женска утопија,, учествуваше на интернационалниот фестивал на монодрама ,,Моно АКТ,, во Приштина и во Пеќ. Во монодрамата игра актерката Димитрина Мицкоска. Текстот е по драмите на Јордан Плевнеш. Мицкоска  беше дел од фестивалот на монодрама во Битола. Таа доби и дебитантската награда од НЕТА на ФКТ ,,Ристо Шишков,,.

Loading