ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ТРЕБА ДА ОВОЗМОЖУВА ЕКОЛОШКИ ЗДРАВА И ЧИСТА СРЕДИНА?

ОК на ВМРО – ДПМНЕ:

Злото наречено СДСМ кое во минатите две години ги труе граѓаните со непотизам, криминал, распродавање на националните интереси и штетни политики во сите свери на општественото живеење, сега ја труе и животната средина. Главниот проект во предизборието на градоначалникот Јованоски беше чист воздух за сите и чиста и здрава животна средина. За чистиот воздух видовме во зимата, кога мерната станица за малку ќе експлодираше поради енормната загаденост и отровот кој го дишеа граѓаните.

Дали сега сме сведоци за тоа како се загадува животната средина и тоа преку прочистителната станица, проект кој треба да овозможува еколошки здрава и чиста средина?

Дали талогот и тињата кои како остаток од прочистувањето на отпадните води излегуваат од станицата и се закопуваат во земјоделско земјиште?

Загрижени граѓани реагираа и ги испратија овие фотографии.

Дали Јованоски и надлежните се свесни какви последици врз околните земјоделските површини и култури може да предизвикаат ваквите дејствија?

За ова ли граѓаните секој месец плаќаат за 60 отсто повисоки сметки за вода и го празнат нивниот семеен буџет?

Ќе сноси ли одговорност некој доколку со ваквото неразумно однесување се предизвика поширока еколошка катастрофа?

Тука го потсетуваме градоначалникот и на низата лажни ветувања кои тој ги даде пред граѓаните за чист еколошки Прилеп.

ВМРО-ДПМНЕ: Што покажуваат снимките од пресметката на стражарската служба со посетител на пречистителната станица?

“Откако ја информиравме јавноста и ги пренесовме сомнежите за можно загадување на животната средина од страна на локалните власти и ЈКП Водовод, со прес конференција се јави директорот Емил Јанески. Наместо да не повикува да гледаме филмови од камери, Јанески треба точно да одговори што точно покажуваат фотографиите кои ги добивме од загрижени граѓани? Што покажуваат фотографиите и каква е оваа материја која е прикажана на нив, а се наоѓа на земјоделско земјиште, лоцирано до прочистителната станица? Дали ова е таа тиња и талог која излегува од отпадните води и дали освен во сушните полиња се складира и во околните ниви? Доколку директорот на Водовод сепак инсистира да гледаме снимки од камери, го прашуваме и следново: Дали е вистина дека пред извесен период посетител на станицата бил тешко повреден во пресметка со стражарската служба? Доколку е вистина, дали за овој настан е поведена постапка и за што точно станува збор?  Ќе сака ли Јанески да покаже снимки и од овој настан? ВМРО-ДПМНЕ не се служи со лаги и манипулации, тоа е одлика токму на локалната власт и нејзините функционери, кои изминатите две години од нивниот мандат ги потрошија само во седење во кожените фотељи. Никаде наоколу нема трага од она што го ветиле пред граѓаните и од нивните фамозни ветувања за подобар живот. Како што доаѓа крајот на нивната авантура, ќе прават се и сешто, ќе влегуваат од грешка во грешка, а последиците ќе ги чувствувате токму вие!”  –  рече Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Loading