ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски(4)

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

marul

 

Вредни и морални Марулци сплетиле леси од лескови прачки, ги послале преку гредите на покривот, ги премачкале лесите со црвена кал помешана со плева и одозгора ги наредиле камените плочи наместо современи ѓерамиди. Конечно марулската црква Св. Мала Богородица на 08.09.1859 година била осветена. При осветувањето на црквата биле крстени две машки деца во иста вода. Јанкоски Ристев Ѓорче и Колески Грујов Боше како први родени деца на нивните родителски бракови. Боше и Ѓорче како деца биле момочиња на теќето во с. Канатларци. Ѓорче 1859 – 1926 женет за Благуна Москоска од с. Подмол одрастил девет деца и 42 години бил полјак, падар, чувар на марулското поле. Боше 1859 – 1939 женет за Проќа Бучиноска од с. Ношпал изгледал две деца. Бил најдобар гајдаџија во с. Марул за неговото време. Неговите инструменти од гајдата, басот, липалото и сурлата сите се коскени од рогови од животни денес се наоѓаат кај мене, Велјановски Томе.

На оваа свечена церемонија при осветувањето на црквата Рожденство на Мала Богородица во Марул на 08.09.1859 година за прв пат бил присутен младиот поп Димитрија Попоски од с. Лопатица, прилепско останал за стален свештеник да и служи на црквата се до неговото заминување од овој свет во 1921 година. Димитрија Попоски завршил богослужба во манастирот Свети Димитрија во Чебрен, Мариово.

Према кажувањето на еден жител од потомствата Поповци, Александар Попоски потомството на Поповци му потекнувало од с. Лисиче, Мариово. Со Мариовската бунаво 1564/65 година селото Лисиче било од страна на турските власти. Поповци се спасиле и пребегале во с. Лопатица, прилепско. По семејна традиција од нивниот род стално имало свештено лице и затоа го задржале презимето Поповци.

На осветувањето на црквата селото донесло неколку одлуки. Секој кој сака да и служи притруп на црквата можи да и служи за здравје. А никако за друга и така останала таа одлука до ден денес.

Да се соѕидат трпезаријата машка и женска за раздавање задушница за упокоените – умерените. Трпезаријата ја соѕидале и со времето ја покриле. Селската слава Св. Мала Богородица ја вратиле за еден ден порано. Наместо гостите да доаѓаат на 09 – 22 септември сега ќе доваѓаат на 08 – 21 септември. Селската слава да биди во истиот ден како во соседното село Штавица.

Ваквата одлука селото што ја сменало селската слава поради што марулци биле презафатени за припремање за својата слава неможејќи да појдат на гости за селската слава во с. Штавица. А додека штавичани кога ги испраќале гостите заедно со нив доваѓале што се вели со се кучиња доваѓале на гости во Марул. Марулци не биле во можност да пречекаат толку гости колку што ќе му дојделе гости. За да го намалат теретот од гости денот на славата Рожденство на Богородица го сменале да биди во истиот дена како и соседното село Штавица. Овде сигурно не се работи за неможност од страна на марулци да ги пречекаат на славата штавичани и нивните гости во с. Марул. Него се работи за стар конфликт помеѓу двете христијански села Марул и Штавица настанат од времето на Мариовската буна од 1564/65 година.

Мариовската буна во 1564/65 година преминала во источниот дел во Пелагонија. Османските јаничари и турскиот башибузук ги запалиле христијанските села Клекоперци, Сливово и Горно село. Селото Клекоперци се наоѓало над прилепско Алинци, источно во близина на местото Комарчани. Преживеаните жители од селото се разбегале. Колевци и Таневци дошле во Марул. Танеските деленици Милевци отишле во с. Штавица, а Апостоловци во с. Чумово. Клекоперци селото никогаш повеќе не се обновило. Селото Сливово било запалено, опустошено, жителите истерани, раселени. Фамилијата Калешковци броела седумдесет членови. Османлиите го фатиле младото калешкоско момче Ѓорѓија и му понудиле да премини во Исламот. Ѓорѓија ја одбил нивната понуда. Заради непокајување Ѓорѓија бил погубен заедно со дел од родот негов.

Преживеаните Калешковци пребегале во с. Мало Рувци. Овој Калешкоски род во с. Мало Рувци се поделиле во две групи. Првата група се нарекла Гарбевци и се преселила во град Прилеп. Фудбалерот на ФК Победа Иван Гарбески беше од потомството на Калешкоски. Втората група од родот на Калешковци се преселила во с. Мојно познати по името Мамалиговци. Потомок на Мамалиговци беше големиот играорец, ороводец Методија Мамалига.

Домородното население во с. Сливово повеќето погубено. Преживеаните се разбегале. Турската власт с. Сливово го населила со муслиманско население. Село Сливово го прекрстиле во Ерек – Ерековци на турски значи слива. Повремено откако ситуацијата со буната се смирила некој македонски христијани се повратиле во с. Ерековци. Старата селска слава Велигден ја прославувале душевно без некои поголеми церемонии. Со иселувањето на турското население во Турција, се доселија македонски христијани и старата селска слава ја повратија за селска слава Велигден. 

Ново село – Канатларци

Ново село било чисто македонско христијанско село со селска слава Св. Никола летен. И селската црква го носела името на светецот Никола. Турските власти за време на Мариовската буна селото го запалиле, нешто од населението било погубено. Остатокот од населението се разбегало. Црквата Св. Никола останала празна, како и селото. Турските власти донесле ново муслиманско население од Мала Азија од групата Јурупци. Црквата Св. Никола била претворена во теќе.

Неговите водачи во теќето повреме ја помешале вероисповеста исламохристијанска. Имале голема чест према Св. Никола. За неговиот роденден Св. Никола зимен чекаат гости. Во чест на Св. Никола чувале специјален ранен коњ. Коњот преку денот го донесувале кај тој мермерниот камен бел под теќето, го оставел тука коњот спреман со узда и седло. Коњот сам ќе боднел да трча низ полето и тогаш во далечината се гледало да човек вјава на коњот. Штом коњот ќе наближел до селото, човекот го снемувало. Коњот ќе си дојдел до каменот и одговорните го земале коњот, го носеле во пондилата.

Продолжува

Loading