ГРАДСКИОТ СААТ Е СВЕДОК НА ВРЕМЕТО

Gradskiot saat amblem i gordost

За прилепчани Саат кулата е култ, вечност, курназлак, факманлак и кападаилак. Сатот е сведоштво на корен на богата духовна средина. Дури и саатот добил прекар за препознавање. Собирачот на народни преданија Благоја Алексоски  напишал дека и Саатот се препознава по прекарот. прчикур оти бил висок 38 метри, Бидејќи саатот е на возраст од над 160 години, а е цврст стаменит и симболизира машкост, исправеност, простум, инает и непокор.

Граѓаните ја дотерале и поговорката ,,кај да си, од саатот подалеку да не си,,. Тие што оделе подалеку и не го гледале ги викале шетани луѓе.

Саатот сефте удрил во 1858 година. Механизмот е изарчен од повеќе од векиполовното броење на времето. Сепак со елтрониката е направена некаква импровизација, наместо мандалото да ја удира камбаната, компјутер му дава соодветен тон на звучен засилувач, таман да го измери времето, исто како некогаш камбаната.

Машинеријата бил доносена од Виена до Смедерево со брод по Дунав, а потоа со арабаџиски коли до Прилеп. Неколкумината стари мајстори во чаршијата се обидуваат повеќепати да го отстранат дефектот, за саатот пак.

Прилепчани се идентифукуваат со саатот. На градскиот амблем се најдува и Саатот и Марковите кули и тутунот. Тоа се трите нишани на градот. Првин бил понизок од соседната џамија, но мајсторите го надградиле со дрвена конструкција.

Градската саат кула ја подигнале прилепчани пред 161 години. На местото била дрвена кула која во пожар била срамнета до земјата. И Турците го одбележале постоењето на Саатот со ставање плоча со арапско писмо на која пишува дека ,,чукањето на саатот не секогаш го означува времето, туку вика ах за животот и времето што одминува,,.

Идејата за градба на камената саат кула била од прилепчаните Коста Лауц и Ристе Тасламиче, кои со шест тајфи мајстори ставале шест метри темели, потурајќи ги камењата гранит кукулски со врела вар.

Легендата вели дека секој прилепчанец дал најмалку по едно живо јајце што се вградувало во темелот на шестоаголникот за да биде цврст како варовник.

На првото отчукување присуствувал и битолскиот валија. Тој се изнанадил од височината која била поголема од џамијата и сакал да го ,,скастри,,. Но, се срамел и стравувал од реакциите на дел од присустните западни конзули.

Едно преданијата вели дека Саатот отчукува АХ, оти една прилепчанка на мандалото ги ставила писмата од својот сопруг кој не се вратил од печалба од Влашко. Во друго се раскажува дека во стрелките на Саатот живеат духовите на Глугур Поснасарма и Суле Дервишот, кои биле прилепски хроничари и го бележеле времето. Стари раскажуваат дека Саатот бил место на спокојство. Возрасните ги терале намуртените деца и возрасни да завртат три круга околу Саатот да им помини узурот.

Loading