ПРИТВОР ЗА ФАЛШ ДОКУМЕНТИ ЗА КРЕДИТ

Полицијата поднесе кривични пријави против десет лица од Прилеп, од кои пет со сомнеж за измама, а останатите пет за помагање во измамата. Судија притвори седумина, а на тројца изрече мерка претпазливост.

Првите петмина минатиот месец со намера да прибават противправна имотна корист, со помош на петте второпријавени помагатели, обезбедиле лажни документи за докажување на правно релевантни факти и ги употребиле како вистинити во постапка за апликација за готовински ненаменски потрошувачки кредит во банка во Прилеп. За четворица од апликантите, врз основа на лажната и фалсификувана документација за имотна состојба, биле одобрени кредити приближно 4,4 милиони денари. Еден од апликантите, иако добил кредит, не стигнал да го подигни. За останатите била запрена обработката на апликациите, бидејќи банкарите се посомневале во веродостојноста на приложената документација.

За петте помагатели постојат сомневања дека подолго време обезбедувале фалсификувани документи за добивање на кредит.

Loading