„ОВА Е НАШЕ ВРЕМЕ – ВРЕМЕ ЗА ТЕАТАР“

Почнува 54 МТФ „Војдан Чернодрински

2 Makbet mtf

Под мотото „Ова е наше време: Време за театар“ вечерва се крева чигата на 54-то издание на Македонски театарски фестивал ,,Војдан Чернодрински, што ќе трае до 15 јуни. На отворањето ќе бидат доделени наградите за животно дело на Владимир Милчин, режисер, и на актерот Бајруш Мјаку. Потоа ќе настапи Влатко Стефановски.

Фестивалскиот натпревар тргнува со претставата ,,Макбет,,, во режија на Нела Витошевиќ од МНТ.

На фестивал се враќаат разговорите на тркалезната маса, по 30 минути од изведбата на претставата.

На празникот на театарот ќе се одиграат седум претстави во официјална конкуренција. Тоа се ,,Странци,, во режија на Нела Витошевиќ од Драмски театар Скопје, ,,На отворено,, во режија на Андреј Цветановски на Театар Комедија, ,,Смртта на Дантон,, во режија на Дино Мустафиќ на Албанскиот театар, ,,Физика на тагата,, во режија на Милош Андоновски на Кумановскиот театар, ,,Бакхи – краток преглед на распадот,, во режија на Игор Вук Торбица на Битолскиот театар, ,,Животинска фарма,, во режија на Љупчо Ѓоргиевски на Струмичкиот театар и ,,Пиреј,, во режија на Љупчо Ѓоргиевски на театарот домаќин ,,Војдан Чернодрински,,.

Влезниците веќе се распродадени.

-Од почетокот МТФ ,,Војдан Чернодрински,, успева да ја собере најдобрата македонска театарска продукција, докажувајќи дека низ секое време македонскиот театар ги живее своите најдобри години. Годинава ,,Чернодрински,, ќе се спротивстави на носталгичните ставови за подобрите времиња со цел да го потврди квалитетот на сегашноста. Се инспирираме од минатото и создаваме денес, имајќи цврста визија за иднината. Ќе биде провокација будното следење и вклучување во театарската авантура која ги редефинира просторот и времето. Ова е наше време! Време за театар –   велат од фестивалот.

Во придружната програма се промоции на театарска литература, трибини, меѓу кои трибината ,,Ова е мое време, време за театар,,.

Loading