АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не е доволно да се слушне и другата страна! Треба да се слушнат и оние кои прислушуваат!

Х

На сите им е на врвот на јазикот, ама никој уста не отвара.

Х

Ако човекот не е проблем за човекот, тогаш решението е проблем за човекот.

Х

Од сите живи суштества, зарем најмрзеливо може да биде – човекот?!

Х

Филмот на животот не се гледа со затворени очи.

Х

Не правете си фиоки во главата. Може да ви се загубат клучевите!                       

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading