Во амбуланта.
– Докторе, во последно време почнав да го губам помнењето, што ми предлагате!?
– Да платите однапред!
Мало девојче во црква ја прашува мајка си:
– Мамо, мамо, зошто е невестата облечена во бело?
– Затоа што белата е боја на среќата, а денес е нејзиниот најсреќен ден!
По кратко време девојчето пак прашува: – Е па, тогаш зошто младоженецот носи црно?