Многумина сметаат дека се следбеници на Итар Пејо, но ај што не го имаат неговото име, ама уште помалку од неговата остроумност.
Х
Верувам во подобра иднина! Тогаш од моите афоризми ќе можам да си изградам куќа.
Х
Нешто сепак се движи напред! – извика ракот откако го забележа полжавот.
Х
Од ангели и демони, се помалку има воздух за обичните луѓе.
Х
Се јавија стотина писатели со свои ракописи. Не е познато колку нивни читатели ќе се јават!?
X
Му овозможија широк избор – од бела врана до црна овца.