АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Многумина сметаат дека се следбеници на Итар Пејо, но ај што не го имаат неговото име, ама уште помалку од неговата остроумност.

Х

Верувам во подобра иднина! Тогаш од моите афоризми ќе можам да си изградам куќа.

Х

Нешто сепак се движи напред! – извика ракот  откако го забележа полжавот.

Х

Од ангели и демони, се помалку има воздух за обичните луѓе.

Х

Се јавија стотина писатели со свои ракописи. Не е познато колку нивни читатели ќе се јават!?

X

Му овозможија широк избор – од бела врана до црна овца.

Loading