ДЕРБИ ДЕСПИНА – СПАРТАК

Ракомет

Екипата Деспина е пред постигнување на целта – првото место во плеј-аут групата на Женската лига. До тоа стигна со серија одлични игри и резултати, така што нареди шест победи. Последната е на гости кај Овче Поле во Свети Николе со 29-36. Гостинското водство се одржуваше цело време и на крајот заслужено се освоени трите бода. Листата стрелци ја предводат А. Камческа со 8, Филипоска и Л. Рипилоска со по 7 гола. На ред викендов е дербито во ,,Ричко,, со Спартак од Скопје. Кој победува – го освојува првото место. Ова е последниот меч за прилепчанките, со оглед на тоа што во последното коло се слободни. Табела: Деспина 34, Спартак 31, Гевгелија 30, Цемс 12, О. Поле 0.

Машкиот Прилеп, по поразот во Струга (38-22), дома го чека аутсајдерот Борец.

Loading