ВКУСНА И БРЗА ХРАНА СО ШМЕКТ

Фаст фуд Eat Xpress веднаш до Комфи Ангел

Eat Xpres 1

Најдобрите чизбургери, чикен бургери и хамбургери, може да ги најдат на ул. Александар Македонски, на локацијата веднаш до Комфи Ангел. Новоотворениот фаст фуд Eat Xpress нуди вкусна и брза храна. На менито има и пица, тост, помфрит, хот дог, цезар салата и мекици. Изборот на вкусниот оброк се надополнува со модерниот стилски уреден простор. За квалитетот гарантираат стари мајстори на кујната.

– Идејата беше иницирана од еден од менаџерите на компанијата Јане Ѓорески кој што е голем љубител на еден познат синџир на брза исхрана и хамбургери. Одлучивме да отвориме и за вработените, но и за целиот град – вели Ирена Јакимоска, косопственик на Комфи Ангел.

Прилеп сега имаат мекици, како оние од “Стража” и сендвичи, повкусни и поквалитетни од скопска “Седумка”.

– Ќе го прошириме асортиманот со готвени јадења. Квалитетот е на прво место – вели Јане Ѓорески.

Освен што може од нога да се ужива во вкусната храна, може да се прави испорака со такси компаниите, а наскоро ќе има и до врата.

Loading