ОНАДЕНА БАБА

Една стрина одела овчарка. Ги па­се­ла овците со едно внуче од брат на незиниот маж. Стри­ната била меракливка. Се онадела со селските овчари. Ги ме­нувала ко да í се мажи. Еднаш ја видело внучето. Детето побегнало. Но, се вратило и í рекло.

-Стрино, не ти чини то шо го прајш со фиљан овчар. Че те кажам на стрико ми!

Стрината му рекла на внучето.

-Мојава нареда каса! Виде како бегаше фиљан овчар. Од болештина, фати фитфиделија. Нема да се врати. И тебе ќе ти се навртам, да се увериш –  рекла стрината.

Внучето се прелагало, го кренало пемперето, í го пуштило на стри­на си од назад меѓу нозете. Старата вампирка со пракса му го штипнала силно за мандалцето. Внучето го доболело, спискало и побегнало. Разбрало дека  каса палежната жен­ска нареда.

Внучето пораснало. Дошло време да го женат. Но, не са­ка­ло да слушни за женидба. Се плашело дека каса женската нареда. Не кажувал кој му кажал за тоа. Со триста марифети го прелагале домашните и го ожениле.

Вечерта момчето си легнало со невес­та­та и му се бендисала ноќната игра. Невестинската, палежна, од која се плашел, не каснала. Се ослобо­дил од стравот. Му се засладило и со невестата терал така по неколкупати секоја вечер. Еднаш отишле на слава кај нејзините родите­ли. Момчето ја прашало невестата.

-Кај че си напрајме слатка игра?

-Ноќта е наша. В постела кај нашите.

Момчето чекало да ја потера слатката игра. Но, немало место за спиење за домаќинката, па легнала во постелата кај ќерка си и зетот. Домаќинката, наместо до ќерка си, легнала до зетот. Утрото станале  мајката, ќер­ката и зетот и заминале на гро­биш­та и в црква. Запалиле свеќи, ислушале богослужба, и на враќање, момчето í рекло на невестата.

-Ноќеска кога те онадев, толку ми беше слатко, што и не ме бакна.

-Мажу, ти ништо не ми напрај? Не сетив. Јалнаш си. Да не си ја онадел мајка ми, наместо мене?.

-Ти беше – тврди зетот.

Жената остро го погледнала.

-А бе, мајка ми си ја онадил?

Зетот се засрамил и рекол.

-Можи сонував?

Ја прашал баба­та си.

-Како спиењето во нашата постела?

-Од убо, поубо. Ко на младос со дедо ти. Зе­те, неискусно дете, во една постела, ај женина, ај бабина, ај царичина, магаричина, мирисо е ист. Тој, слепијо и шутијо, влева секаде. В постела нема род. Тој род не позна­ва. Нема ро­гој, да не го бери. Само не фаќај змија за опашка да не те клукни по срце. Не í кажувај на ќерка ми да не ти се одмазди. Речи í дека било сон, а не јаве – го опоменала бабата.

Итрата баба така се скрила и добила тврд кочан како во младоста.

Loading