ПОДГОТВЕНИ ЗА НОВАТА РЕКОЛТА

Тутунски комбинат

Наградени најдобрите работници по повод 4 април

Nagradeni Tut - kom

Во Тутунскиот комбинат во кој влезе светскиот бреннд Филип Морис со реорганизациите сега помалку од 250 вработени, ефективноста на работењето е висока, а Комбинатот застана на свои нозе. Успешно го заврши откупот и се подготвува за новата проиводствена сезона. По повод Денот на тутунските работници, 4 април, беа доделени награди за најдобрите вработени.

– Откупот од ланската реколта успешно го завршивме. Откупениот род е исплатен во целост. Со стратегискиот партнер Филип Морис веќе склучивме договор за продажба на целата откупена реколта. Во погонот за цигари го имаме секој месец производството на премиум брендот Марлборо. Постојано ги обновуваме развојните планови и за тутунската индустрија постои добра иднина. При крај сме со склучувањето договори со кооперантите за годинашнава производствена сезона. Планот е да се склучат договори со околу 4.000 кооперанти за производство на 3.000 тони тутун – изјави  Кире Станксоки, дирецтор на Тутунскиот комбинат.

Во соработка со Синдикалната организација, по повод Денот на тутунските работници, беа додели златник и парични награди. Александар Волнароски, референт во комерција, доби златник по повод 20 години од работењето во Комбинатот, а Али Ахмедоски, Сашо Тренкоски и Методија Костоски добија парична награда од синдикалната организација.

– Семејството е поврзано со Комбинатот. Татко ми беше прв човек на компанијата. Комбинатот има иднина и И можности за напредок, особено сега со Филип Морис. Компанијата ќе биде една од најуспешните како што беше порано. И тутунопроизводството има иднина, отсекогаш било така во Прилеп – рече Александар Волнароски.

Со награди за посветеност на работното место по избор на колегите и предлог на Синдикалната организација се здобија Али Ахмедоски од погонот Тутун, Методија Костоски од погонот Цигари и Сашо Тренкоски од заедничките служби.

Ахметоски во комбинтот работи 31 година.

-Убаво е чувството да си најдобар во својот погон и им посакувам и другите вака да бидат наградени – рече Ахмедоски.

И Косотоски е со долгогодишно работно искуство.

– Работам во погонот Цигари 34 години. Чест ми е што сум избран за најдобар работник. Желба на вработените е да се зголеми производството и да имаме повисоки плати – рече Костоски.

Сашо Тренкоски е службеник речиси 32 години.

– Работам во секторот за логистика и му посакувам на Комбинатот  барем уште сто години успешно да работи. Ние сме фирма со традиција и со „педигре”. Заеднички сме со светски познатата компанија Филип Морис. Помалку сме, но има зголемен обем на работа. Среќни сме и редовно земаме плата – рече Тренкоски.

Се надеваат дека компанијата ќе биде успешна како и  порано и дека тутунопроизводството има иднина.               

Loading