МАТЕМАТИКАТА И ИНФОРМАТИКАТА ГО ОДНЕСОА ВО ЕВРОПА

Дарко Божиноски (28) – Постдокторанд во лабораторијата за вештачка интелигенција во Брисел

Darko 1

Успешната приказна на прилечанецот Дарко Божиноски (28) кој учел во гимназијата Мирче Ацев, а денес држи предавања заедно со професори кои се пред пензија во лабораторија за вештачка интелигенција во Брисел предизвика голем интерес. Пренесуваме дел од интервјуто за неговата голема љубов кон математиката, преку тешкиот избор и трансферот кон информатиката, до соработка со најголемите научници денес од порталот факултети.мк. Ова е неговата приказна.

Божиноски има само 28 години. Средношколецот е од гимназијата Мирче Ацев. Дипломирал на Факултетот за информатика на ФОН. Живее во Брисел и работи како постдокторанд волабораторија за вештачка интелигенција на Университé либре ду Бруџеллес. Како дете многу се интересирал за математиката и природните науки.

Darko 2

– Одлуката да студирам информатика не беше директна и лесна. Не поседував компјутер и не бев свесен за предизвиците пред мене. Тоа многу ме плашеше. Од родителите имав целосна поддршка да го направам изборот што ми лежеше на срце. Не беше лесно да направам одлука меѓу мојата долгогодишна љубов, математиката, и информатиката како нешто што беше прилично ново за мене. Разговарав со професорот по математика од средното училиште, кој длабоко го почитував. Ми пристапи со голема мудрост и ми помогна да ги разрешам сите дилеми. Неговите совети многу влијаеја врз одлуката да ја прифатам стипендијата на Факултетот за информатика при ФОН – раскажува Божиноски.

Високиот просек не е гаранција за професионалниот успех на еден студент?

– Стекнувањето вештини и знаења кои можат успешно да се имплементираат во различни сценарија е единственото нешто што е важно на пазарот на трудот. Тоа е еден од најважните принципи што треба да ги разбере секоја млада личност. Тоа беше мојата стратегија што ми помогна многу пати и ме издвојуваше од преостанатите кандидати во мојата професионална кариера – објаснува Божиноски.

Darko 3

Образованието го продолжил на докторски студии во Италија, на Институтот за докторски студии Гран Сассо Сциенце Институте. Минал три месеци на Цхалмерс Университѕ оф Тецхнологѕ во Шведска и една година како дел од Фулбригхт програмата на Царнаге Меллон Университѕ, каде што имал извонредна можност да работи со еден од најдобрите научници во полето на селф-адаптиве сѕстемс, професорот Дејвид Гарлан.

Докторската теза се однесува на мобилни мултироботски системи кои претставуваат класа на системи составени од множество роботи што работат заедно како тим.

– Тие оперираат во динамична околина која може да биде делумно или целосна непозната да ја извршат задачата. Во тезата презентирам формален (математички) пристап кој овозможува адаптација на мултироботските системи во услови на неизвесности кои произлегуваат поради неправилна или непрецизна спецификација на задачи и оние што се појавуваат како резултат на проблем со безбедноста на системот – објаснува Божиноски.

Darko 4

Младиот научник е носител (прв од четворица потписници) на научен труд – еден од двата што на почетокот на годинава беа објавени во списанија со импакт-фактор. Едниот од трудовите носи наслов Манагинг Сафетѕ анд Миссион Цомплетион виа Цоллецтиве Рун-тиме Адаптатион, каде што тимот презентира пристап што се фокусира на адаптација на мултироботски системи балансирајќи го решавањето на проблеми поврзани со самата мисија на системот и неговата безбедност. Втората студија со наслов Сафетѕ фор мобиле роботиц сѕстемс: А сѕстематиц маппинг студѕ фром а софтњаре енгинееринг перспецтиве е систематска класификација на најсовремени методи и техники (стате оф тхе арт) кои се користат за заштита на мобилните роботски системи. Дополнително, на почетокот на годинава првпат бил поканет како почесен гостин и еден од главните говорници на конференција во Пакистан каде што ги презентирал најновите достигнувања во сферата на верификација на сајбер-физичките системи (Верифицатион оф Цѕбер-Пхѕсицал Сѕстемс). Во моментот работи како постдокторант во лабораторијата за вештачка интелигенција на Университé либре ду Бруџеллес како дел од проект спонзориран од Европскиот истражувачки совет.

– Истражувањата се дел од проектот ДЕМИУРГЕ фокусиран на автоматизирање на процесот за развивање контролен софтвер за сњарм роботс. Мојата задача во проектот е развивање соодветен јазик за спецификација на мисии – објаснува Божиноски.

Што нуди Македонија за надежни студенти кои сакаат да истражуваат на тема роботски системи?

Darko 5

– Придонесот што Македонија го прави во наука главно е незначителен и занемарлив. Тешко е да се зборува за научноистражувачка дејност во средина каде што се издвојуваат минимални средства за наука. Сепак, постои конкретна можност за имплементација на ваквите системи и создавање стартапи во кои може да учествуваат многу студенти – објаснува Божиноски.

Роботика, Internet of things…

 Со ова темпо на развој на технологијата, како ќе изгледа денот на еден просечен човек за 50 години? Што сè ќе преземат роботите (апаратите, машините)?

– Развојот на технологиите се движи во две насоки. Првата е автоматизирање на сè поголем број процеси. Сите задачи што се тривијални и повторливи, како и оние задачи каде што постои сериозна опасност кон човечкиот живот, ќе бидат автоматизирани во најскоро време. Втората е конектирање на сè поголем број уреди на интернет. Уредите што ги користиме во секојдневниот живот – телевизор, фрижидер, микробранова печка, звучници – се градат да бидат способни да паметат податоци и со нивно конектирање во мрежа и  ќе им се помогне на луѓето да донесуваат подобри одлуки. Оттука може да замислите сценарио на смарт хоме каде што домот на едно семејство се состои од паметни уреди поврзани во мрежа. Членовите на семејството добиваат нотификации врз основа на нивниот дневен распоред. Тривијалните задачи како затоплување на просторија, вклучување светла би се одвивале врз основа на распоредот од активности на секој член од семејството. Дополнително, селф-дривинг царс постепено навлегуваат во нашата перцепција за секојдневието. Во блиска иднина претпоставувам дека управувањето на возила би добило сосема различна димензија. Концептот на управување на возило би се состоел од две компоненти: автоматско и мануелно управување каде што крајната цел би била целосна автоматизација на овој процес. Како и да е, за ова да стане реалност, потребно е многу работа во различни полиња на дејствување. Постојат огромни предизвици од најразлична природа (техничка, социјална и етичка природа) кои најпрво треба да се решат – вели Божиноски.

Darko 6

Клучот е во доживотното учење

Покрај научноистражувачката дејност, активно е вклучен во неколку проекти за популаризирање на науката во јавноста, особено меѓу младите.

– За 10 години се гледам како редовен професор на универзитет каде што повеќе би се насочил на работа на проекти во соработка со големи компании. Образование не трае само 3-4 години. Внимателно се одбира ментор во почетокот на кариерата. Многу е важно секоја млада личност да избере ментор од кој може да научи лекции за својата професија, но и за животот. При изборот многу е важно да се види големата слика, како овие вештини би ви помогнале во професионалниот живот. Прашањето што треба да си го постави секој млад студент е: „Што можам да научам од мојот ментор?” Доколку мислите дека можете да научите многу од некоја личност, корисно е да и пристапите да побарате да работите за неа, дури и бесплатно, со цел да ги совладате потребните вештини. Бидете упорни. На крајот на денот никој не ги брои вашите порази. Тоа што се брои е колку пати сте успеале. Многу ми е жал кога читам написи на македонски портали дека најдобар студент на одреден факултет не успеал да добие добра, ситуирана државна функција. Македонија е прилично мал пазар, така што моја препорака е младите да бидат насочени кон глобалниот пазар и глобалните трендови. Ова не важи за сите професии, но сигурно дека важи за поголемиот број – вели Божиноски.

Loading