МАКЕДОНСКИ „ЈЕНКИ“ – ЖРТВИ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Со преселувањето на илјадници нови македонски имигранти во Америка, во 1914 година започна Првата светска војна во Европа. Сакајќи да не се мешаат во европските проблеми, во 1917 г. САД влегле во оваа војна. Се регистрирале околу 24 милиони Американци, а се бореле околу 4 милиони. Незабележлив бил бројот на Македонци од Охајо кои доброволно служеле како американски војници. Некои биле распоредени на непријателски оган на полињата на Европа, поблиску до нивните домови кои ги оставиле неколку години пред војната. Сепак биле предалеку од саканата Македонија. На тројца им се загубиле надежите дека повторно ќе ја видат прекрасната земјаа. Останале засекогаш на безмилосните полиња во Европа каде иста судбина имале повеќе од 50 000 други несреќни, млади и храбри американски борци. Веста за нивниот трагичен крај бавно стигнала до нивните домови од детството. Крајот на војната не успеал да го донесе долго очекуваниот мир, но не и правда за Македонија. Ненадејно биле прекинати соништата на младите македонски војници. Останала неисполнета нивната мечта, иако настаните не зависеле од нив и не биле во нивна контрола. Ги загубиле животите, борејќи се за слобода и демократија кои немале можност да ги доживеат во родната Македонија. Трите неопеани македонски херои биле Стефан Карамицио 24, роден во непознато место во Македонија, убиен на 28 септември 1918 г., а закопан во американската гробница Мус-Аргон во Франција. Потоа Том Џон 22, од Моловишти, Македонија, убиен на 20 октомври 1918 г., закопан во истата гробница и Џејмс Георгиев 27, роден во непознато место во Македонија, а закопан во националната гробница во Сент Луис, Мисури. Несреќните млади биле американски  војници, но и македонски синови.

Нивните имиња се запишани во американските воени гробници, а смртта вечно врежана во македонската свест. Младите и храбри македонски војници можеле да го избегнат трагичниот крај. Само требало да им кажат на  офицерите дека не се Македонци, туку Бугари или дека се родени во Бугарија. Таквиот став би ги спасил, бидејќи сите мажи кои биле Германци  или припаѓале на германските сојузници биле декларирани како отуѓени непријатели на САД и со акт на претседателот Вудроу Вилсон биле  ослободени од воената служба. Како сојузник на Германија, ослободувањето се однесувало на сите личности родени во Бугарија или личности од бугарска припадност. Тројцата Македонци можеле да не бидат во воената служба, доколку би се декларирале како Бугари или би ја именувале Бугарија како родна земја. Тие одлучиле да се борат и да загинат во Првата Светска Војна како Македонци, подобро отколку да биле наречени Бугари. Само храбри и мажи патриоти правеле дела на несебично жртвување. Заминале во војна наместо да го минат животот со лажен идентитет.

Тројцата ,, Јенки,, војници не биле единствените македонски момчиња кои се бореле под знамето на САД во Првата Светска Војна. Тие биле единствените чија судбина била да останат неопеани македонски херои. Повеќе од 20 други храбри Македонци се приклучиле доброволно во единиците од Охајо да се борат против непријателите на САД. Било која и да била причината за кревањето рака за Америка, Тие не се декларирале за Бугари за да се ослободат од воената униформа. Останатите можеле да се декларираат како Грци или Срби, затоа што Македонија веќе била поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Со одлуката да се борат, потврдиле дека се Македонци од Македонија која им била единствената земја што ја чувствувале за своја.

Чест и спомен заслужуваат нивните имиња, поради придонесот за слобода и демократија. Имињата и кратката воена биографија се ја има во официјалниот прозивник на војници и морнари од Охајо, САД во Првата Светска Војна, 1917-1918.

Македонија е горда и  на другите 63 македонски војници кои од служеле на страната на канадските прекуморски експедитивни сили. Тие македонски Канаѓани ја потпишале канадската воена заклетва на верност и држење на вистинска вредност на Неговото Височество Кралот Џорџ 5-ти  во верно одбранувајќи го Неговото Височество од сите непријатели, придржувајќи се и покорувајќи се на сите Негови наредби. И тие биле млади и храбри македонски војници кои ги бранеле интересите на Британската Империја. Меѓутоа, правото за самоопределување за својата родна земја Македонија, не му била на памет на Лојд Џорџ, тогашниот премиер на Кралот, кој бил и еден од главните креатори на европскиот план за мир во 1919 во Париз. Канадските Македонци гордо ја исполниле должност и верноста кон Неговото Височество. Луѓето се пријавуваат за војна потикнати од различни идеи. Една од причините за овие Македонци е верувањето дека САД ќе им помогнат во ослободувањето на окупираната и поделена Македонија. Не само тие, и многу други Македонци негувале надеж дека претседателот Вудроу Вилсон замислил нова и подобра Европа каде правото за самоопределба би било загарантирано за сите нации, со што тие би можеле да се формира своја влада. За Македонците, надежи исчезнуваат со Париската мировна конференција. Се повторила историјата за Македонија и неколкуте милиони разочарани Македонци со посилен интензитет. Крајот на конференцијата од 1919 г. донесол и крај македонскиот сон за целосен националитет и трајно запечатување на нејзината поделба од Грција, Бугарија и Србија. Останала незабележана од Европа големата идеја на Вилсон за правото на сите нации да формираат своја влада. За европска демократијата се бореле и загинале Македонци од американските и канадските воени сили. Можеби планот на претседателот Вилсон за нова Европа ќе бил подобар доколку тој не ги консултирал своите сојузници. По 1919 г. Европа минува низ уште една војна, дури можеби и уште попустоносна, поради лошиот Париски договор.

Денес, дел од Македонците живеат како слободна нација и ги уживаат правата на слободни луѓе. Меѓутоа, уште не се признаени правата за идентитетот кај соседите. Оваа вистина постои од времето кога Европа креираше надежи за универзален граѓанин (еден народ), нешто што Александар Македонски бил способен да го исполни пред околу 2,500 години. А соседите уште се заглавени во калта на балканскиот национализам од 19 век.

Список на македонско-американски војници од Првата Светска Војна

Абрахам Абдул, Несилич, Македонија; Тони Ангелов, Манастир; Џон Т. Бандо, Манастир (Битола); Менилос Басарас, Егејска Македонија; Мајкл Бранов,  Егејска Македонија; Том Бадлс, Македонија; Мајк Цас, Македонија; Јордан Н. Криста, Гопеш, Македонија;  Луи Кристо, Македонија; Џон Коста, Вардарска Македонија; Џејмс Костос, Мануел Димитри, Вилиам Демос, Егејска Македонија; Константин Димитри, Флорина, Македонија; Џон Димитро, Ѓорово, Македонија; Флорал Димитри, Зеленице, Македонија; Фезола Елмас, Незвилиц, Македонија; Крист С. Ерца, Македонија; Горге Иванов, Македонија; Крсте Еванов, Лазарополе, Македонија; Лазо Евцев, Македонија; Ахмет Гами, Македонија; Кемал Џеладин, Македонија; Крист Џорџ, Манастир, Македонија; Џон Џорџ, Македонија; Том Џорџ, Белкомен, Македонија; Мајк Џорџ, Сетина, Македонија; Ханес Горгев, Манике, Егејска Македонија; Анастин Герскоцин, Егејска Македонија; Џон Гилот, Гуменџе, Македонија; Христо Грозданов, Цапари, Македонија; Томас Гургев, Македонија; Стив Џејмсон, Егејска Македонија; Амин Џенил, Македонија; Таси Д. Караџов, Македонија; Александрија Костив, Мокра Лец, Македонија; Глигор Костраков, Егејска Македонија; Типа Коцев, Македонија; Томас Луи, Брезница, Македонија; Мухат Махамед, Гравена, Македонија; Џејмс Г. Манов, Македонија; Тале Метров, Подмочани, Македонија; Гаст Мидис, Македонија; Пит Мајк, Маловиште, Македонија; Крис Милер, Прилеп, Македонија; Џорџ Минас, Македонија; Вангели Мустрику, Гопес, Македонија; Наум К. Настов, Македонија; Луи Неданов, Македонија; Далип Неџип, Македонија; Тони Ник, Македонија; Сем Николов, Мокрани, Македонија; Луи Николов, Пиринска Македонија; Томас Ц. Нолце, Македонија; Лазо Нолев, Македонија; Мајк Пафал, Македонија; Тони Пит, Македонија; Крис Петерс, Македонија; Јон Петро, Лахехеј, Македонија; Џејмс Петров, Македонија; Ник Петров, Македонија; Стив Петров, Сабоник, Македонија; Дамјан Филипс, Серес, Македонија; Кузо Попов, Церсиенца, Македонија; Мич Повлов, Македонија; Костос Стамас, Македонија; Дин Стајанов, Лубетина, Егејска Македонија; Вина Стефо, Македонија; Џорџ Стрезов, Македонија; Џејмс Танис, Македонија; Ник Г. Танов, Македонија; Еван Тодоров, Македонија; Том Трпе, Егејска Македонија; Џим Тони, Монастир, Македонија; Луи Трифон, Егејска Македонија; Џон Цанакас, Егејска Македонија; Танас Вело, Македонија; Цветко Јованов, Македонија, Ник Земан, Егејска Македонија; Милан Змејко, Вардарска Македонија; Петер Т. Зозов, Македонија; и Џон Мајк, Гевгелија, Македонија.

Извор: Американски архиви

Loading