ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ КООРДИНАТОРИ НА ФРАНКОФОНСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА

Gimnazija

Франкофонска манифестација посветена на Никола Бувие ја организираа Амбасадата на Швајцарија и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Општина Прилеп. Координатор на активностите за Прилеп беше професорката по француски јазик од прилепската Гимназија, Мирјана Бошковска.

– Водители на манифестацијата беа гимназијалците Марија Митреска (на француски јазик) и Иван Неделкоски (на македонски јазик). Уметничките дела, по мотиви од текстовите на Никола Бувие, ги изработија гимназијалците Теодора Димеска, Ѓорѓина Саботкоска, Наталија Наумческа, Матеј Зарески, Илина Смугреска, Славчо Павлоски и Стефан Милошески под менторство на професорите по ликовна уметност Александар Џинго и Гордица Димитриевска Груевска. Помошници во подготовките и реализацијата на настанот беа проф. Николче Богданоски и учениците Мелани Героска, Аризанкоска Галена, Марија Андоноска, Марија Мирческа и Јоана Велеска – информираа од Гимназијата.

Активностите на професорите и учениците беа целосно поддржани од директорот на прилепската Гимназија, Димче Настоски.

Loading