КНИЖЕВНА СРЕДБА СО САРА ЖИСЛЕР

ГИМНАЗИЈА  „ МИРЧЕ АЦЕВ”

MIG 4444

Гимназијата „Мирче Ацев“ секоја година со низа активности го одбележува Месецот на Франкофонијата. Беа домаќини на светскиот патник Сара Жислер која е млада писателка од Швајцарија и која патува низ светот и пишува патеписи, содржински богати, нежни и со доза на хумор.

– Настанот замислен како книжевна средба, се претвори во вистинска топла, искрена дружба меѓу учениците и гостинката кои и генерациски се многу блиски. Во придружба на Сара, гостин на нашето училиште беше и г-ѓа Љупка Димова, Лингвистичко аташе и Дирекор за настава по француски јазик во Францускиот институт Скопје. Координатор на средбата беше Мирјана Бошковска, професорката по француски јазик од Гимназијата. Настанот целосно беше следен и поддржан и од директорот Димче Настоски – информираат од Гимназијата.

MIG 4520

Учениците беа воодушевени од излагањето на младата писателка, на која ì поствија многу интересни прашања, за нејзините впечатоци од престојот во Македонија, која е нејзина животна девиза, што ја инспирирало да направи таков чекор, кои се најчудните обичаи што ги сретнала за време на патувањата по светот, кои ì биле најтешки моменти, што им препорачува на младите за успех во животот, кои се нејзините идни планови …

Сара Жислер својата творечка  животна приказна ја започнува на 20 годишна возраст, кога со авто-стоп и без пари во џебот ја прошетала цела Европа. Доживеаното, Сара го напишала во својот роман „Малечка” кој постигнува голем успех, а преведен е и на македонски јазик. Таа ги најави и своите идни планови: патување во Нов Зеланд, нови дела и пловидби по морската шир со својата штотуку купена едрилица …

MIG 4531

Loading