АНТИФАШИСТИЧКИОТ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – АФЖ ЗА С. МАРУЛ

ФЕЉТОН – Томе Велјановски

marul

Разбудената револуционерна свест и организираната борба на жените и девојките од село Марул во Втората светска војна, наоѓаат свој пишан запис кај марулецот Томе Велјаноски кој живее во Гетеборг во Шведска. Тој, обидувајќи се да се присети на се она што го слушал од постарите марулчани, всушност прави аматерски обид овие ликови и настани да не бидат заборавени од историјата. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

(1)

Покрај народноослободителното движење во Македонија, исто така била и организацијата на АФЖ која била вклучена во семакедонското револуционерно движење за создавање на македонската држава. Оваа организација повеќето била хумана организација во македонските политички работи.

При крајот на месец август во 1944г. прилепскиот месен комитет ја одредил Добра Цекоска за организатор и пропагатор југоисточно во селата од градот Прилеп во соработка со прилепскиот самарџија Павле Пуљачо. Нивни позадинец бил Милан Василоски Борачо од с. Марул.

Една вечер курирот Милан политичките пропагатори или организатори отишол вечерта кај Видан Прцески кај сестра му на Павле – Донка Виданица, политичкиве лица Павле Пуљачо и Добрица Цекоска ги донесол во неговата куќа во Марул на преноќевање каде направиле план за организирање на АФЖ за село Марул. Наредниот ден Милан отишол кај селскиот протуѓер Борис Бошески да помини при секое домаќинство дека после пладнина во Кулата на Трајан Павлески ќе има женска конференција па се повикуваат да земат учество што поголем број жени и девојки младинки.

Некаде дента во 12 часот тројцата, Милан, Павле и Добра откако преспале и одмориле кај Милан излегле низ малата врата кај куќата низ градинчето и ја преминале реката низ дворот Јованоски по уличе, под Гумно Велјаноско преку река, преку сред село под Козарино отишле во Кулата Павлеска. Оделе тука за да бидат послабо забележани. Жените што ја виделе Добра како што кажуваат, ги фатило страв оти била облечена во војничка униформа, партизанска капа со петокрака, џакет и панталони и пиштолот на ремен опашан и тоа било првпат за марулчанките да видат жена во панталони. Собрале колку што собирало во Кулата, штотуку започнала Добрица Цекоска со нејзините политички информации околу идејата за македонската револуционерна борба и Антифашистичкиот фронт на жените. Децата што играле по брегот кај трлото Павлеско набрзина се втурнале во собата на Кулата и јавиле да ода од кај Суви ливади една група од Германци по патче иди за село Марул. Настанала наводно паника, дури Добрица Цекоска ја прекинала политичката конференција и побарала од присутните жени да и дадат селска носија за преслекување.  За сигурна да биде работата отишол Милан Василоски, се прошетал по брегот Павлески забележал да полјакот марулски Петре Јошески терал канатларски коњи заробени во марулските пченки во Суви ливади. Ситуацијата се смирила, политичката дебата продолжила под раководство на политиката на Добра Цекоска. Откако се ислуша нејзината политичка идеологија и програма се дошло до избор на раководството на АФЖ за село Марул. Од сите присутни на тој состанок имало само три членови што знаеле да читаат и пишуваат. Тоа биле: Атанасоска Дончојца Калина, Здравеска, Атанасица Илинка и Менка Трајкоска. Како најшколована била Здравеска Атанасица Илинка со завршено средно училиште гимназија, познавање на францускиот јазик 80 проценти и е избрана за претседател и секретар на АФЖ за селото Марул.  Членови на Извршниот одбор на АФЖ биле следните лица – жени:

Здравеска Атанасица Илинка – претседател и секретар,

Ангелеска Илица Ружа,

Дамјаноска Ристејца  Митра,

Атанасоска Дончојца Калина,

Јошеска Петрејца Митра,

Мурџеска Јованица Коприна.

Девојчиња:

Новаческа Јованова Јаглика,

Василоска Стојанова Тодорка,

Јанкоска Петрева Петкана,

Јанкоска Ристева Алтана.

Пасивни жени во АФЖ во с. Марул:

Атанасоска Трајаница Менка,

Јованоска Илица Петра,

Јованоска Лазарица Пауна,

Јованоска Ванѓелица Босилка,

Колеска Трајаница Ивана,

Павлеска Трајаница Цвета,

Трајкоска Василица Менка,

Талеска Орданица Трајана,

Василоска Миланица Аргида,

Петреска Ванѓелица Мара.

Пасивни девојки членови на АФЖ за с. Марул:

Атанасока Трајанова Невена,

Атанасоска Трајанова Ѕвезда,

Котеска Илијева Писана,

Котеска Илијева Калина,

Јанкоска Петрева Спасија,

Бошеска Богојева Невена,

Јованоска Јованова Велика,

Јованоска Јованова Анѓа,

Јошеска Петрева Божна,

 Танеска Крстева Драгица,

Новаческа Јованова Павлинка,

Стеваноска Најдова Весела,

Стеваноска Најдова Цвета,

Мурџеска Стеванова Сребра.

После неколку саати завршува работата со оснивањето на политичката хумана организација на АФЖ за с. Марул. Откако настанала вечерната темнина, курирот Милан Василоски Борачот, политичките лица Добрица Цекоска – Добра и Павле Пуљачо ги однесле во село Штавица каде наредниот ден почнале со оснивање на нови политички оснивања на АФЖ во околните села. За време на престојот на Втората Македонско народно ослободителна ударна бригада во село Марул повторно навратила Добрица Цекоска баш кога била активноста на АФЖ во селото кои давале хуманитарна помош за бригадата. Самата Добра му рекла на женскиот одбор за вакви работи се бориме, осниваме политички женски одбор. За вашата хуманост ве наградувам со еден пишан документ кој ќе биде сведок за вашата хуманост од времето на НОБ, рекла Добра. Напишаниот документ го добила управата на АФЖ. Откако вечерта се затемни курирот на АФЖ до село Марул Милан Василоски ја однесе Добра до местото од сињорот помеѓу Марул и Бонче. Оттаму ја презеде бонечкиот курир ја однесе за да направи посета на АФЖ во село Бонче и околните села. Милан исто така ноќе ја имаше носено Добра Цекоска од местото Столовите во с. Мало Рувци. Такви беа времињата и така се работеше ноќе рече тетка Илинка. Често пати сме имале средби и разговори со Илинка Атанасица Здравеска претседателот на АФЖ за село Марул и ја имаше прашано каде е одликувањето од Добрица Цекоска за марулското АФЖ. Таа даваше ваков одговор: Во есента 1945 година еден ден дојдоа кај мене Димко Камшико и Петре Кузман и ме замолија да му го однесам документот што го оставила Добра Цекоска за АФЖ за село Марул. Јас го донесов подполнетиот документ, му го дадов, го разгледа и го ставија во нивната чанта. Јас се побунив и му реков вратете ми го документот, тој не е мој, туку е од активноста на АФЖ за нашето Марул. Тие ми одговорија ние знаеме да документот е одликувањето на вашето село Марул за АФЖ, но ние сме надлежни да ги собереме сите важни документирани работи од војната. Ќе ги носиме во историскиот архив во Прилеп. Ако има некоја потреба да се знае каде е документот ми одговорија Димко и Петре рече Илинка Атанасица.

Исто така документот благодарницата што ја остави командантот на бригадата Дончо Темелкоски за сторена поддршка и хуманата услуга од страна на село Марул према бригадата изчезна на подмолен начин е предадена таму во историскиот архив во Прилеп. А додека марулци тврдат да благодарницата нестанала од канцеларијата на средселото за време на колективот, јас не сум убедена рече Илинка.

Државните надлежни служби од градот ги собираа сите важни документи од по селата добиени за време на војната. Највероватно за да немаат селските населби големо влијание во државната политика. Како државата е створена од градското револуционерно движење и тоа ќе ги има државните благодети и привилегии. Со тоа најголем пример е што на сите такви државни обележја ниту еднаш не беа повикани борците од нашето Марул иако ги имаше 24 со еден помалце, убиениот Велјан Новачески. Никогаш и никаде не беше поканет АФЖ од село Марул кој престана да постои неподдржан од властите македонски.

Марул селото тогаш со 32 домаќинства, од 12 до 16 септември 1944 година ја пречека Втората македонско народно ослободителна ударна бригада со 500 борци и ја поддржа со се што и беше потребно: со храна, облека, обувки и ја испрати и  и подари 4 добитци товарити за транспорт. Жалосна работа наместо за с. Марул да биди запишано со златни букви. А сега да го изгубиш и немаш најчувствителното за селото – благодарницата, признајницата потпишана од командантот на бригадата. Исто така и хуманиот документ од АФЖ потпишан од Добра Цекоска за с. Марул. Без документот си никој и ништо рече Илинка Здравеска претседателка на АФЖ за село Марул.

Очув ми Ѓељо навистина беше лош човек како народен непријател во 1943 година беше ликвидиран во Прилеп. Мајка ми Менка Трајкоска поради него го изгиби работното место служителка во село Марул. Останавме на цедило без никаков капитал. Со мажот ми Атанас одевме аргати по куќи во селото, говедари и полјаци во Марул за да ја прехраниме нашата фамилија и мајка ми Менка со нас. Од марулските борици никој не доби некои привилеге телесни оштети. Алексо Јованоски Курела беше изрешетен со повеќе куршуми во стомакот и нозете војни отеран во 15-тиот корпус во Срем, живееше сиромашно, без никаква телесна оштета. Групата на позадината за време на војната за с. Марул Тодор Јованоски, Јован Новачески и Крсте Танески не добија никакви привилегии за нивната ангажираност. Исто така заврши и курирот на АФЖ за село Марул Милан Василоски Борачо кој со ноќи не беше спан а не беше награден со ништо, во разговорот рече Илинка Здравеска.

Илинка Атанасица Здравеска беше интелигентна и чувствителна личност за сите работи, комуникативна со секого за нејзиното знаење по француски јазик честотопати кога си идевме од училиште од село Канатларци врвевме поред нејзината куќа и ја поздравувавме на француски а таа ни одговараше на француски. Некогаш читаше од нашите француски учебници и подобро читаше од нас учениците.

Трајкоска Василева Илинка

Илинка Василева е родена во село Врањевци во 1925 година. Нејзините родители се преселиле во Битола. Писменоста Илинка ја започнала редовно од нејзините детски години. Во школската настава покрај другото го учела и францускиот јазик. Завршила осми клас како денес осмо одделение. Несреќа ја фатила – починал нејзиниот татко. Мајка е Менка се премажила за Ѓељо од Прилеп кој сурово се однесувалл према паштерката Илинка. Во 1941 година младата Илинка се омажила за Атанас Здравески во село Марул пак со помош на очувот Ѓељо кој во поранешните години бил полјак во с. Марул. Како што кажуваше самата Илинка сводниклакот го коштало еден ѕевгар волови. Од Менка мајка и останала сама. Илинка и зетот Атанас ја зеле мајка и на Илинка да се гледа кај нив. Менка Трајкоска се догледа со ќерката е и зетот која пожина во 1975 година во село Марул каде е и погребана. Илинка и Атанас изродиле пет деца. За време преселбите село – град, во осумдесеттите години на минатиот век, Илинка со синот се преселуваат во село Долно Оризари, битолско каде во 2002 година Илинка поинува на 77 години. Покрај раскажувањето на Илинка за АФЖ за село Марул имаше повеќе раскажувачи, Мурџеска Јованица Коприна, Николоска Петрејца Митра, Анѓелеска Илица Дуна, Танески Јован, Велјаноски Благоја и др. марулци.

Крај

Loading