100 ПОЖАРИ ВО ЈАНУАРИ, 70 ВО ФЕВРУАРИ

protivpozarno vozilo

Годинава е зголемен бројот на пожарите за 40 отсто во споредба со лани. Во јануари пожарникарите интервенирале на 100 пожари, а во февруари на 70. Ова го соопшти Виктор Стојчески, командир на противпожарната единица.

Оган горел најмногу во урбана средина, поради ненавремено исчистени оџаци, а во селата поради палењето на стрништа.

– Причината е неодговорноста кај луѓето. Затоа е нужно да се подигни свеста кај граѓаните – вели Стојчески.

Тој апелира сите домаќинства кои користат огревно дрво за греење редовно да ја контролираат исправноста на оџаците. Електричните апарати да се исклучуваат при напуштање на просторот.

Во прилепската единица се ангажирани 42 пожарникари, а се потребни 65. На располагање им се 4 протипожарни возила и три автомобили.

Loading