ТРОЈЦА СРБИ И ДВАЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ ЈА ОГРАБИЛЕ ЗЛАТАРНИЦАТА В ЧАРШИЈА

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.П. (41), М.А. (35) и У.П. (38), сите од Србија поради сомнение за разбојништво и против лицата М.К. (44) и В.Т. ( 44) од Прилеп поради сомневање за помагање при разбојништвото на златарница во старата чаршија при крајот на минатата година.

На 25.12.2018 година околу 08.45 часот додека вработената во златарата Буба Мара, во старата чаршија, го поставувала излогот, второпријавениот го скршил стаклото од влезната врата со чекан и влегол внатре. По него и првопријавениот, кој вперил пиштол кон вработената и почнал да го собира златниот накит од излогот и од сефот во кој имало и торбичка со пари. Заедно со третопријавениот, кој ги чекал пред дуќанот, избегале со возило Форд Фиеста. Четвртопријавениот им помагал со обезбедување на сместување, храна, мобилни телефони и друга логистика додека тројцата го подготвувале кривичното дело. Петтопријавениот им помагал со прикривање на возилото Форд, Фиеста и друга логистика.

М.К. и В.Т се приведени и предадени на ОЈО.

Loading