ИСТОРИСКИ РАСКАЗИ ОД МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul

Марулецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, меѓу бројните записи и сеќавања кои ги собрал, се и оние за настаните од Втората светска војна. Ги зачувал прибелешките во кои опишува случки кои му оставиле длабоки траги во меморијата, а кои биле поврзани со неговите блиски. Негова цел е да ги пренесе приказните од народноослободителната борба користејќи разговорен јазик. Не е прв пат Томе Велјановски да пишува за селото Марул. Во изминатиот период на страниците на Зенит ги пренесовме неговите белешки за родословијата во овој крај.

Глава 7

Братучедите Јованоски Алексо и Цветан од с. Марул се учесници надвор од Македонија на Сремскиот фронт и во Хрватска. Јованоски Алексо 1921 – 2002 година, оженет за Велика Дамческа од с. Бонче во 1942 година. Во истата година оди бугарски војник. Во 1944 година преку македонската девизија Гоце Делчев е префрлен од Софија во Скопје. Во Македонија има судири со албанските балисти. Со бунтот на македонските офицери и војници за неодење на Сремскиот фрон во борба против германската војска каде од германската војска, од германските пушкомитралези и митролези сиот е изрешетан во нозетет и стомакот ја преживува таа судбина, се враќа дома во 1947 година меѓу домашните, му ја нема сопругата Велика, уште во 1944 година без негово знаење. Алексо се преженува, ствара нова фамилија. Од неговото војникување не доби баш ништо. Животот го помина сиромашки, бедно. За да ја прехрани фамилијата беше принуден и полјак да биди во 1960/61 година.

Јованоски Цветан Крушка 1923 – 2001 исто така како неговиот втор братучед Алексо се враќа од Бугарија преку македонската дивизија Гоце Делчев во Скопје. Со бунтот во Скопје за неодење надвор од Македонија насилно е мобилизиран преку 15-тиот корпус и пратен е да ја ослободува Босна и Херцеговина. Рече Цветан: во западна Босна кај реката Уна останавме повеќе денови без ронка леб. Ноќта видовме во едно село свети една ламба во една куќа, се приближивме до еден прозорец од куќата, гледаме на масата леб и бакрданик. Ама и девет војници со усташка униформа, спијат околу масата, сигурно беа уморени. Се решивме, му го зедовме сето јадење, тие не не сетија. Излеговме од селото, се најадовме, душа си повративме. Во војно време, едно е пропагандата, друго трагедијата. Ако те служи среќата, ќе преживее човек, ако пак не, една лопата земја за вечен амин, рече Цветан. Цветан е вратен дома во 1947 година.

Од сеќавањата на Алексо и Цветан Јованоски за бунтот на македонските војници и старешини и нивната ликвидција во скопската касарна во Калето и во скопските улици во јануари 1945 година: Тоа беше страшно, се даде наредба за да се оди на Сремскиот фронт. Македонската војска и офицерите се побунија и со висок глас рекоја ние ја ослободивме и ја направивме оваа наша македонска држава со наша крв и пот без никој да ни поможи, Срем не е наш и не сакаме наша крв таму да тече. Ако не терате во војна на Срем, зошто не одиме на Солун? Ни Срем ни Солун не сакаме да одиме, извикуваше војската.

Откако војската го остави оружјето во магацините, ноќта касарните беа сардисани со туѓа непозната војска. Преку ноќта во дворот на касарната беа поставени плакати на кои пишуваше, напред  на Срем, војскат излезе од спалните, пожн да протестира, нема Сре, нема Солун остануваме овде. Поставените српски шмајзеристи на влезовите и наоколу касарните почна без милост да рафалува во дворот на касарните. Војската се уплаши, некој рипна преку оградата за во дворот, беа убивани по улиците од тамошните шмајзеристи. Тие што влегоа внатре во касарната бараа спас, беа фаќани од дојдената српска воена полиција, одветени во Калето, убивани и затворани, никогаша живи не излегоа.

Преживеаните војници помешани со албанските балисти ги товарија на возови и ги транспортираа за Срем. А додека во јавноста изјавија дека македонските националисти го предизвикаа пунтот во Скопје, Битола и Штип. На Сремскиот фронт бевме назначени како 15-ти корпус, не беше лесно, не распоредија на прва борбена  линија. Бевме распоредени меѓу два огнови. Однапред не решетаат германските оружја. Ако ја повиш главата, готов си, паѓа муницијата како дожд. Одпозади имаше српски шмајзеристи, секое повлекување, те чека куршум в грб. На ова боиште не видовме друга националност освен албанските затвореници балисти и македонските војници казнети после бунтот во Скопје, Битола и Штип.

Во некој момент македонските војници и албанските балисти почнаа меѓусебно да си даваат хумана помош. Сватија дека се родени и растени во иста земја Македонија и сега ја имаат судбината и гинат присилно за туѓи интереси.

Во разговор со Јованоски Алексо и Цветан рекоа дека нивните воени другари и старешини кои настрадаа во скопската касарна кај Калето и низ скопските улици, нивните ликови ги гледаа пред нив вечно, нема да ги заборават.  Исто така овој настан му остави јад во душата на подмолските борци партизани ветерани со јад во душата го раскажуваа Кржески Илија, Најдоски Крсте Бешлак, Талески Благоја, Талески Вецко. Јанески Јован бонечки борец партизан рече за овој крвав настан, само нехуманите ѕверовци може тоа да го направат. Ни ја одзедоа љубовта и моралот за македонската држава. Во борбата првата идеа беше, држава ќе направиме, ќе се вратиме во родните огништа, слободно ќе живееме, ние што преживеавме го гледаме сонцето, месечината и ѕвездите.

Јованоски Цветан Крушка имаше интерес во историјата и политиката и велеше дека Втората Македонска бригада е намерно поништена со соработка меѓу Темпо и Тито. Цветкоски Милан, Јованоски Цветан Крушка 1923 – 2001г. за време на НОБ достигнува до воен чин поручник. Од 1949 – 1951 г. беше претседател на Колективот во Дабница, од 1951г. до 1953г. беше претседател на Колективот во с. Марул. За националните неправдини ги изгуби сите привилегии.  

КРАЈ

Loading