ЕКСПЕРТИ ЗА ЕСЕИ И РЕЦИТАЦИИ

Гимназијалците од СОУ „Мирче Ацев“

leona-treto-mesto

Во организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература се одржа Државен натпревар за есеј од областа на литературата на тема „Земјата и љубовта во поезијата на Блаже Конески“. Ученичката од Гимназијата „Мирче Ацев“ Теона Ацеска го освои третото место. Ментор и е проф. Мартина Вељаноска.

teona-aceska

Гимназилаците освоија и трето место за рецитирање. На државниот  натпревар за млади рецитатори за 2018 год., по претходно испратени аудио записи со рецитации, Леона Митревска од IV-2 и Сара Атанасоска од III-8 се пласираа во вториот круг од натпреварот меѓу 15-те најдобри рецитатори во категоријата на средни училишта. Леона Митревска, под менторство на проф. Весна Михаиловска го освои третото место, а Сара Атанасоска, под менторство на проф. Емона Јованоска доби благодарница за учество.

Loading